Електричен Приклучок - Grundfos SB Serie Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Ocultar thumbs Ver también para SB Serie:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 91
3.6 Електричен приклучок
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Пред да започнете да работите на
производот, исклучете го
напојувањето со електрична енергија.
Погрижете се да се оневозможи
ненамерно вклучување на
напојувањето со електрична енергија.
- Пумпата мора да биде заземјена.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Заштитното заземјување на
приклучницата на штекерот мора да
биде поврзано со заштитното
заземјување на пумпата. Според тоа,
приклучокот мора да го има истиот
РЕ систем за поврзување како оној на
приклучницата на штекерот. Ако не,
користете соодветен адаптер.
При трајна инсталација, препорачуваме
вградување на склопка на
диференцијална струја, RCCB, со струја
на исклучување < 30 mA.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Ако пумпата се користи за чистење
или друго одржување на базени за
пливање, езерца во градини или
слични места, погрижете се пумпата
да биде снабдена преку склопка на
диференцијална струја, RCCB, со
активирачка струја од 30 mA.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Поврзете ги пумпите што се
испорачуваат без кабел и/или
приклучоци со надворешен
електричен прекинувач со минимален
контактен јаз од 3 mm во сите полови.
Погрижете се да има најмалку 3 метри
слободен кабел над нивото на течноста.
Проверете дали напонот на напојувањето и
фреквенцијата соодветствуваат на вредностите
наведени на натписната плочка на пумпата.
Електричното поврзување треба да го изврши
овластено лице, во согласност со локалните
прописи.
3.6.1 Термална заштита
Пумпата има вграден термален приклучок и не е
потребна дополнителна заштита на моторот. Ако
пумпата работи без вода или е преоптоварена на
друг начин, вградениот термален прекинувач ќе
се исклучи. Кога моторот се изладил на нормална
температура, се рестартира автоматски.
3.6.2 Поврзување на надворешен регулатор
SB
SB пумпите мора да бидат поврзани на
надворешен регулатор. Препорачуваме Grundfos
Pressure Manager: net.grundfos.com/qr/i/97506325
SBA
SBA пумпите имаат интегрирана контролна
единица.
SB HF
SB HF пумпите мора да бидат поврзани на
надворешен регулатор. Препорачуваме Grundfos
Pressure Manager: net.grundfos.com/qr/i/97506325
3.6.3 Нема снабдување со електрична енергија
Во случај да нема снабдување со електрична
енергија, пумпата серестартира автоматски кога
повторно ќе има снабдување со ел. енергија
најмалку 10 секунди.
397

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido