Изложеност На Вибрации; Работа Со Бензин И Масло - AL-KO solo 126 L Traducción Del Manual Original De Instrucciones

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 78
MK
нега, при полнење на мешавината од
бензин и масло.
Веднаш исклучете го уредот при несреќен
случај за да избегнете други повреди и
материјални штети.
Не го употребувајте уредот со изабени
или дефектни делови. Изабените или
дефектните делови на уредот може да
предизвикаат тешки повреди.
Чувајте го уредот вон дофат на деца.
3.6
Изложеност на вибрации
Опасност од вибрации
Фактичката вредност на емисија на
вибрации при користењето на уредот
може да отстапува од наведената
вредност на производителот. Почитувајте
ги пред, односно за време на користењето
следниве фактори на влијание:
Дали уредот прописно ќе се
применува?
Дали материјалот ќе се сече односно
обработува на правилниот начин?
Дали уредот се наоѓа во уредна
состојба за работа?
Дали алатката за сечење е уредно
наострена односно дали е монтирана
правилната алатка за сечење?
Дали се монтирани рачките за држење
и во даден случај изборните рачки за
вибрации и дали истите се цврсто
поврзани со уредот?
Користете го уредот само со потребниот
број на вртежи за моменталната работа на
моторот на внатрешно согорување.
Избегнувајте го максималниот број на
вртежи за да ја намалите бучавата и
вибрациите.
Поради несоодветно користење и
одржување може да се зголемат бучавата
и вибрациите на уредот. Тоа води до
оштетувања на здравјето. Во тој случај
веднаш исклучете го уредот и оставете го
да го поправи овластена сервисна
работилница.
Степенот на изложеност на вибрации
зависи од изведуваната работа односно
од употребата на уредот. Проценете го и
утврдете соодветни работни паузи. Со тоа
значително се намалува изложеноста на
вибрации преку целото работно време.
412
Подолгата употреба на уредот го
изложува операторот на вибрации и може
да предизвика проблеми со циркулацијата
на крвта („бел прст"). За да се намали овој
ризик носете ракавици и држете ги рацете
затоплени. Ако се препознае некој
симптом на „бел прст" веднаш побарајте
лекар. Во овие симптоми влегуваат:
Бесчувствителност, губење на
осетливоста, трпки, чешање, болка,
попуштање на силата, промена на бојата
или на состојбата на кожата. Нормално
овие симптоми ги погодуваат прстите,
рацете или пулсот. Кај ниски температури
(околу под 10 °C) се зголемува опасноста.
За време на вашиот работен ден утврдете
подолги паузи за да може да се опоравите
од бучавата и вибрациите. Планирајте ја
вашата работа така што користењето на
уреди коишто создаваат јаки вибрации се
распредели преку повеќе денови.
Ако утврдите непријатно чувство или
менување на бојата на кожата за време на
користењето на уредот на вашите раце,
веднаш прекинете ја работата. Утврдете
доволен број на работни паузи. Без
доволно работни паузи може да дојде до
синдром на вибрирање на раката и
дланката.
Минимизирајте го вашиот ризик да се
изложувате на вибрации. Негувајте го
уредот согласно инструкциите во
упатството за употреба.
Ако уредот се користи често, контактирајте
го вашиот дистрибутер за да купите
антивибрациона опрема (на пр. рачки).
Утврдете работен план како може да се
ограничи изложеноста на вибрации.
3.7
Работа со бензин и масло
Опасност од експлозија и пожар:
Преку мешавината од бензин и воздух што
истекува настанува една експлозивна
атмосфера. Прасокот, експлозијата и
пожарот може при неправилно работење
со горивото да доведат до тешки повреди
и дури до смрт. Внимавајте на следново:
Не пушете кога работите со бензин.
Ракувајте со бензин само на отворено
и никогаш во затворени простории.
Задолжително почитувајте ги следните
наведени правила за однесување.
126 L | 126 B | 130 L | 130 B | 140 B | 140 L | 151 B
Безбедносни напомени

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Solo 126 bSolo 130 lSolo 130 bSolo 140 lSolo 140 bSolo 151 b

Tabla de contenido