Dremel 8100 Traducción De Las Instrucciones Originales página 123

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 26
f.
Немојте да користите оштетен прибор. Пред секоја
употреба проверете дали на приборот како што е
брусната плоча или брусната подлога, има пукнатинки
или ломови и дали се прекумерно изабени, дали на
жичената четка има лабави или искршени жици. Ако
електричниот алат или приборот Ви паднале, проверете
дали има оштетувања или монтирајте неоштетен
прибор. По прегледувањето и монтирањето на
приборот, тргнете ја од себе и од останатите присутни
лица површината на ротациониот прибор и во траење
од една минута вклучете го електричниот алат да
работи со максимален број на вртежи. Оштетениот
прибор обично ќе се скрши во текот на ова тестирање.
g. Носете опрема за лична заштита. Во зависност од
уредот, користете заштита за лицето, заштита за очите
или заштитни очила. Ако е потребно, носете маска
против прашина, заштита за ушите, ракавици и работна
престилка која може да заштити од мали честички
или отпадоци од брусење. Заштитата за очи мора
да штити од разлетаните честички кои настануваат
при различни операции. Маската за прашина или
респираторната маска мора да бидат во можност да
заштитат од разлетаните честички кои настануваат
при Вашето работење. Доколку подолготрајно сте
изложени на висока бучава, тоа може да предизвика
губење на слухот.
h. Лицата кои се наоѓаат во близина нека стојат на
доволна оддалеченост од работниот простор. Лицата
што ќе останат во Вашиот работен простор мора
да носат опрема за лична заштита. Честички од
работниот предмет или од скршениот прибор можат
да летаат наоколу и да предизвикаат повреда надвор од
непосредниот работен простор.
i.
Електричниот алат држете го само за делови кога
извршувате работи при кои алатот за сечење може да
дојде во контакт со скриени електрични водови или со
сопствениот мрежен кабел. Опремата за сечење која
ќе дојде во допир со жица под напон, може да предизвика
изложените метални делови од електричниот алат да
дојдат под напон и да предизвика електричен шок.
j.
Кабелот држете го настрана од приборот кој се ротира.
Ако изгубите контрола, кабелот може да се пресече или
да се заплетка, а ротациониот прибор може да Ви ја
повлече дланката или раката.
k. Никогаш не спуштајте го електричниот алат додека
движењето на приборот целосно не запре. Ротирачкиот
прибор може да ја зафати површината на која го
одлагате, а Вие да изгубите контрола над електричниот
алат.
l.
Никогаш не вклучувајте го електричниот алат додека го
носите. Случајниот контакт со ротациониот прибор би
можел да Ви ја зафати облеката, а некој дел од приборот
би можел да Ви се зарие во телото.
m. Редовно чистете ги отворите за вентилација на
Вашиот електричен алат. Вентилаторот на моторот ја
привлекува прашината во внатрешноста на куќиштето,
и прекумерното насобирање на метален прав може да
предизвика електрична опасност.
n. Немојте да ракувате со електричниот алат во близина
на запалливи материи. Искрите би можеле да ги запалат
тие материјали.
o. Немојте да користите прибор кој изискува течни
средства за ладење. Користењето вода или други
течности за ладење може да предизвика електричен шок.
ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ
ПРЕДУПРЕДУВAЊА
Повратниот удар е ненадејна реакција поради блокирана или
заглавена брусна плоча, брусна подлога, четка или некој друг
прибор. Блокирањето или заглавувањето предизвикуваат нагло
запирање на ротациониот прибор, при кое се губи контрола
над електричниот алат и тој тогаш забрзано работи во правец
спротивен од правецот на вртење на приборот на местото на
блокадата. На пример, ако брусната плоча се блокира или
заглави во некое работно парче, работ на брусната плоча
која се заглавила во работното парче може да се зарие во
површината на материјалот и да предизвика испаѓање на
плочата или повратен удар. Брусната плоча може да отскокне
кон или одкај лицето кое ракува со алатот, зависно од правецот
на вртење на брусната плоча на местото на блокирање.
Брусната плоча може и да се искрши под вакви околности.
Повратниот удар е последица на погрешна употреба на
електричниот алат и/или неисправно работење или услови, и
може да се избегне ако се преземат соодветните долунаведени
мерки на претпазливост.
a. Електричниот алат држете го цврсто и Вашето тело
нека биде во положба во која е во состојба да им
се спротивстави на силите на повратниот удар.
Секогаш користете помошна дршка, ако ја има, за да
имате максимална контрола над силата на ударот
или над вртежниот момент во моментот кога почнува
работењето. Лицето кое ракува со алатот може да ги
контролира реакциите на вртежниот момент или силите
на повратниот удар ако преземе соодветни мерки на
претпазливост.
b. Никогаш не ставајте ги рацете близу ротациониот
прибор. Приборот би можел да се задвижи преку Вашата
рака.
c. Не доведувајте во Вашето тело во подрачје каде што
се движи електричниот алат или каде што може да
дојде до повратен удар. Повратниот удар го потиснува
алатот во правец кој е спротивен на движењето на
брусната плоча на местото на блокирањето.
d. Бидете посебно внимателни кога работите на агли,
остри рабови и сл. Избегнувајте одбивање или
блокирање на приборот. Аглите, острите рабови или
одбивањето на приборот доведуваат до блокирање на
ротациониот прибор и тоа може да предизвика губење на
контролата или повратен удар.
e. Немојте да приклучувате синџирести или назабени
додатоци за пила. Таквите продолжетоци честопати
предизвикуваат повратен удар и доведуваат до губење
на контролата.
123

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido