Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Ако не го користите мерниот уред подолго време,
u
извадете ги батериите. При подолго складирање во
мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
u
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
u
температури или температурни осцилации. На пр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи температурни осцилации, оставете го мерниот
уред прво да се аклиматизира и направете проверка
за точноста секогаш пред да продолжите со работа
(види „Контрола на точноста на мерниот уред",
Страница 54).
При екстремни температури или температурни
осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се
наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 54).
Исклучете го мерниот уред за време на
u
транспортот. При исклучувањето, се блокира
осцилирачката единица, која би се оштетила при
интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција ON. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред
пушта ласерски линии од излезните отвори (1).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица
се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
Автоматика на исклучување
Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради
заштита на батериите.
За да го вклучите мерниот уред веднаш по автоматското
исклучување, можете или најпрво да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција „OFF" и потоа повторно да го вклучите мерниот
Bosch Power Tools
уред, или да притиснете на копчето за режим на работа
на ласерот (4).
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
држете го притиснато копчето за режим на работа (4)
(при вклучен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку
автоматиката за исклучување е деактивирана,
ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.
За да го активирате автоматското исклучување,
исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го.
Начини на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да
ги промените во било кое време:
– Режим на вкрстени линии (види слика A): создава
хоризонтално ласерско ниво и вертикална ласерска
линија кон напред,
– Хоризонтален режим (види слика B): создава
хоризонтално ласерско ниво,
– Вертикален режим (види слика C): создава
вертикална ласерска линија кон напред.
За да го смените режимот на работа, притиснете на
копчето за режим на работа на ласерот (4) додека
ласерските зраци не се создадат во посакуваниот режим
на работа.
Сите начини на работа се можни со автоматика за
нивелирање, како и со функција за навалување.
Автоматика за нивелирање
Мерниот уред во секое време ја контролира положбата
за време на работата. При поставувањето во полето на
самонивелирање од ±4° работи со автоматиката за
нивелирање. Надвор од полето на самонивелирање се
менува автоматски во функција за навалување.
Работење со автоматика за нивелирање
(види слики A–C)
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на држачот (10) или на
стативот (17).
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Штом
ласерските зраци трепкаат постојано, мерниот уред е
изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе
од 4° од хоризонталата, ласерските линии трепкаат 2 s со
брзо темпо. На крај светат сите ласерски линии 5 s, потоа
трепкаат неколку пати на секои 5 s со брзо темпо.
Мерниот уред се наоѓа во функција на навалување.
За дополнително работење со автоматиката за
нивелирање поставете го мерниот уред хоризонтално и
почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде
мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4°
ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
Македонски | 53
1 609 92A 607 | (14.01.2021)