Dremel 8260 Traducción De Las Instrucciones Originales página 212

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 88
За најдобра контрола кај деталните работи држете
го мултифункционалниот алат во раката како
пенкало помеѓу палецот и показалецот. Методата
на држење дршка за „голф" се користи за потешки
операции, какви што се брусење или сечење.
ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)
Алатот се вклучува („ON") со помош на лизгачки
прекинувач кој се наоѓа на горната страна од
куќиштето на моторот.
ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („ON"), лизнете го
копчето нанапред.
ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („OFF"), лизнете го
копчето наназад.
ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ
Вашиот алат е опремен со интерен електронски
систем за надгледување кој овозможува „мек
старт", кој ги намалува ударите што се случуваат
поради стартот со висок вртежен момент. Системот
исто така помага да се максимизира учинокот на
моторот и на батеријата со смалување на напонот
според алатот, кога ќе дојде до блокада (види го
делот „Заштита од блокада"). Моторот и патронот
со батеријата се штитат со смалување на напонот
според моторот во овие ситуации.
НАУЧЕТЕ ГИ БРЗИНИТЕ
Откако ќе се исклучи алатот:
Ако повторно го вклучите алатот во рок од 5
минути, алатот ќе се вклучи на последната
подесена брзина.
Ако го вклучите по 5 минути, алатот ќе се
вклучи на автоматски подесената брзина од
15.000 врт./мин.
БИРАЊЕ НА ВАРИЈАБИЛНА БРЗИНА
Вашиот алат е опремен со лизгачки прекинувач
за менување на брзината. Брзината може да се
подесува во текот на работењето, со лизгање на
прекинувачот напред или назад помеѓу некоја од
поставките.
За да ја изберете соодветната брзина за секој
вид работа, користете парче од материјалот за
вежбање.
РАБОТНИ БРЗИНИ
A a
Видете ја табелата на стр. 17-18 за да ја одредите
соодветната брзина за материјалот со којшто
работите и кој прибор да го употребите.
Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога
користите жичени четки.
Повеќето операции можат да се извршат ако алатот
го подесите на највисок степен. Меѓутоа, извесни
материјали (некои видови пластика и метали)
можат да се оштетат бидејќи високата брзина се
ослободува топлина, и мораат да се обработуваат
со релативно мали брзини. Работењето со мали
брзини (15.000 врт./мин. или помалку) обично е
најдобро за полирање со прибор за полирање
со филц. Сите работи на четкање вршете ги со
помали брзини за да го спречите испаѓање на
парчиња жица од лежиштето на четката. Дозволете
му на алатот да ја завршат работата за Вас кога
користите помала брзина. Повисоките брзини се
посоодветни за тврдо дрво, метал и стакло, како
и за дупчење, резбање, сечење, гравирање и
врежување жлебови во дрво.
Некои упатства во врска со брзината на алатот:
Пластиката и останатите материјали кои се
топат на ниски температури, треба да се режат
при ниски брзини.
Полирањето, гланцањето и чистењето со
жичена четка мора да се прави при брзини кои
не се поголеми од 15.000 врт./мин., за да се
спречи оштетувањето на четката и на Вашиот
материјал.
Дрвото треба да се сече со висок број на
вртежи.
Железото или челикот треба да се сечат со
висок број на вртежи.
Доколку ножот од брзорезен челик почне да
вибрира, тоа обично значи дека работи со
премал број на вртежи.
Aлуминиум, легури од бакар, од олово, цинк и
калај може да се сечат при различни брзини,
во зависност од видот на сечењето. Користете
парафин (не вода) или друго соодветно
средство за подмачкување на ножот, за да
спречите сечениот материјал да се лепи на
запците од ножот.
НАПОМЕНА: Не е добро да го зголемувате
притисокот врз алатот ако алатот не работи
исправно. Обидете се со друг прибор или со
подесување на друга брзина за да го постигнете
саканиот резултат.
УПРАВУВАЊЕ СО ПОДЕСУВАЊЕТО НА
БРЗИНАТА ВО АПЛИКАЦИЈАТА
Можете однапред да изберете брзина помеѓу
5.000 - 30.000 врт./мин. на Dremel App.
Кога ќе ја изберете посакуваната брзина на
апликацијата, соодветната брзина ќе трепка
10 секунди на индикаторот на брзина J на
алатот 7.
Морате да го вклучите алатот во рок од 10
секунди, алатот ќе се вклучи на автоматски
подесената брзина од 15.000 врт./мин.
НАУЧЕТЕ ГИ РЕЖИМИТЕ НА LED
Ако го исклучите алатот додека батеријата е уште
поврзана на алатот, LED режимите се следни:
Bluetooth LED светлото постојано ќе свети 5
минути под услов Вашиот алат да е сè уште
поврзан на Вашиот смарт уред.
LED светлото за брзина постојано ќе свети 5
минути за да го покаже последното подесување
на брзината.
LED светлата за предупредување, мерачот на
батерија и логото на Dremel постојано ќе светат
30 секунди.
За да ги исклучите сите LED светла, исклучете
го алатот и извадете ја батеријата.
ЦРВЕНО LED СВЕТЛО ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Црвеното LED светло за предупредување H ќе свети
од една од следните причини:
Екстремна температура на алатот: исклучете
го алатот и отстранете го приборот (Бидете
внимателни - приборот може да биде жежок).
Потоа исклучете го алатот и оставете го да
работи без оптоварување за вентилаторот на
моторот да помогне да се излади алатот.
Екстремна температура на батеријата: исклучете
го алатот, отстранете ја батеријата и оставете
ја батеријата да се врати на нормална работна
температура пред да продолжите со употреба.
Предупредување за блокада / преоптоварување
на алатот: премногу притисок се нанесува на
алатот. Намалете го притисокот при држење и
насочување на алатот. Дозволете брзината на
алатот да си ја изврши својата работа.
Кога ќе засветли црвеното LED светло за
предупредување, можете да пронајдете детални
информации и совети како да го спречите ова во
Dremel App.
212

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido