330 | Македонски
За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) во позиција „Off". Приказот за статус (7) се губи. При
исклучување, осцилирачката единица се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
u
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
При надминување на највисоката дозволена работна температура од 50 °C се
исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Автоматика на исклучување
Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се
исклучува автоматски заради заштита на батериите.
За повторно да го вклучите мерниот уред по автоматското исклучување, може или
прво да го ставите прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во позиција „Off"
и потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или еднаш да го притиснете копчето
вертикален режим (5) или копчето хоризонтален режим (6).
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, држете го притиснато копчето
за хоризонтален режим (6) (при вклучен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку
автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските линии кратко трепкаат за
потврда.
Напомена: Ако работната температура ја надминува 45 °C, автоматиката за
исклучување не може да се деактивира.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете го мерниот уред и
повторно вклучете го.
Начини на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое
време:
– режим на вкрстени линии (види слика C): создава хоризонтална и вертикална
ласерска линија,
– хоризонтален режим (види слика D): создава хоризонтална ласерска линија,
– вертикален режим (види слика E): создава вертикална ласерска линија.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со вкрстени линии. Со
копчињата за хоризонтален режим (6) и за вертикален режим (5) независно можете
да ја вклучите и исклучите хоризонталната и вертикалната ласерска линија.
Сите начини на работа може да се изберат со автоматика за нивелирање како и со
осцилаторна блокада.
1 609 92A 7AN | (14.12.2021)
Bosch Power Tools