Descargar Imprimir esta página

Bosch D-tect 120 Professional Manual Original página 125

Ocultar thumbs Ver también para D-tect 120 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 25
OBJ_BUCH-2149-001.book Page 125 Wednesday, March 26, 2014 5:19 PM
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Electronic Cell
Protection (ECP)" од длабинско празнење. Доколку
батеријата е испразнета, мерниот уред се исклучува со
заштитен прекинувач.
 По автоматското исклучување на мерниот уред, не
притискајте на копчето за вклучување-
исклучување. Батеријата може да се оштети.
За да ја извадите батеријата 13 притиснете на копчињата
за отклучување 12 и извлечете ја батеријата наназад од
мерниот уред. Притоа не употребувајте сила.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на траење на
батеријата.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот мерен уред. При користење на други батерии,
на пр. имитации, истрошени батерии или непознати
производители, постои опасност од повреди како и
материјални штети доколку експлодира батеријата.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот мерен уред може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на мерниот уред.
Ставете ја наполнетата батерија 13 во дршката, додека не
се вклопи и не легне рамно во дршката.
Ставање/вадење на AA-батерискиот адаптер
(види слика D)
 AA-батерискиот адаптер е предвиден исклучиво за
употреба со одредени мерни уреди на Bosch и не може
да се користи со електрични апарати.
Ставање на AA-батерискиот адаптер
Поставете ја обвивката 17 во уметокот 11. Според
илустрацијата, ставете ги батериите во просторот со
капаче за затворање 16. Сега затворете го капачето 16
преку батериите, додека не се вклопи и не легне рамно со
дршката.
Вадење на AA-батерискиот адаптер
Притиснете ги копчињата за отклучување 12 на капачето
за затворање 16. Извлечете го капачето за затворање.
Притоа внимавајте да не испаднат батериите. Извадете ги
батериите. За да ја извадите обвивката 17 од
внатрешноста, фатете ја и извлечете ја истата со лесен
притисок на страничниот ѕид од мерниот уред.
Приказ на батеријата
Приказот на батеријата b секогаш го покажува актуелниот
статус на батеријата
Батеријата е целосно наполнета
Батеријата има 2/3 капацитет или помалку
Батеријата има 1/3 капацитет или помалку
Батеријата има 10% капацитет или помалку
Менување на батерија
Bosch Power Tools
Употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба.
 Мерниот уред држете го само за површината
предвидена за држење 10, за да не влијае на
мерењето.
 Користењето или работата на предаватели, како на
пр. WLAN, UMTS, радар за воздухопловство,
телекомуникациски кули или микробранови, во
близина, може да влијае на функцијата на
мерењето.
 Мерните резултати може да бидат нарушени поради
одредени околности и услови. Овде спаѓаат напр.
близина на уреди, кои создаваат јаки електрични,
магнетни или електромагнетни полиња, влага,
градежни материјали што содржат метал,
изолациони материјали со каширана фолија како и
спроводливи тапети и плочки. Затоа, пред
дупчењето, сечењето или глодањето во ѕидови,
плафони или подови, проверете и други извори на
информации (напр. градежни планови).
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
Проверете го мерниот уред пред секоја употреба.
Сигурното функционирање не е загарантирано во
следните случаи:
– Приказот на мерењето h континуирано отчукува, иако
го држите уредот во воздух.
– Приказот на мерењето не отчукува, иако го држите
прстот во полето на сензорот.
– Уредот има видливи оштетувања или олабавени делови
во внатрешноста на мерниот уред.
– Безбедната функција е загарантирана, само доколку
свети копчето за избор на режим на работа.
 Пред вклучување на мерниот уред, проверете, дали
полето на сензорот 14 е влажно. Доколку е влажно,
исушете го мерниот уред со крпа.
 Доколку мерниот уред бил изложен на големи
температурни разлики, оставете го да се прилагоди
на температурата пред да го вклучите.
За вклучување на мерниот уред, притиснете на копчето
за вклучување-исклучување 6
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете на
копчето за вклучување-исклучување 6
Доколку не се притисне ниедно копче 5 мин. на мерниот
уред и не се детектира објект, тогаш мерниот уред
автоматски се исклучува заради заштита на батеријата.
Македонски | 125
.
.
2 609 141 143 | (26.3.14)

Publicidad

loading