Descargar Imprimir esta página

MTD 53SPBS Manual De Instrucciones página 202

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 54
Македонски
Внимание
Секогаш превртуваjте го уредот
на тоj начин свеќичката за
палење да покажува нагоре за
погонското гориво или маслото
да не предизвика оштетување на
моторот.
Hе го прскаjте уредот со вода
бидеjќи може да се оштетат
електричните делови.
По можност чистете го уредот
веднаш по косењето.
Уреди без систем за миење на
капакот:
Исчистете ги просторот за
сечење и поклопецот за
исфрлување со четка, рачна
метла или крпа.
Поставете го уредот на тркала
и отстранете ги сите видливи
остатоци од трева и
нечистотиjа.
Уреди со систем за миење на
капакот:
Слика 10
Kосилките за трева со систем за
миење на капак се опремени со
приклучок за вода. Со него
можат да се исплакнат
остатоците од трева од долната
страна на капакот на косилката и
се спречува таложење на
кородирачки хемикалии.
По косењето постапете на
следниот начин:
Поставете го уредот на рамна
површина, без шљунак,
камчиња и сл.
Совет
Отворот за исфрлување не смее
да се насочува кон куќи, гаражи и
сл.
Монтираjте обичен адаптер за
црево (по избор е во обемот на
испорака) на цревото за вода и
приклучете го на приклучокот
за вода на капакот на
косилката.
Пуштете вода.
Стартуваjте го моторот и
оставете го да работи неколку
минути.
Изгаснете го моторот и
отстранете го цревото за вода
од уредот.
202
Упатство за работа - Kосилка за трева со бензински мотор
По завршувањето на постапката
на чистење:
Стартуваjте го моторот и
оставете го да работи неколку
минути, за долната страна на
капакот на косилката да се
исуши.
Запрете го моторот.
Ставање во мирување
Опасност
!
Опасност од експлозиjа и пожар.
Hикогаш не го сместуваjте
уредот со погонско гориво во
резервоарот во простории во кои
што испарувањата од погонското
гориво може да доjдат во допир
со отворен оган или искри.
Внимание
Оштетувања во материјалот на
уредот.
Чуваjте го уредот (со изладен
мотор) само во чисти и суви
простории. При подолго
сместување, на пр. во зима
заштитете го уредот од корозиjа.
По сезоната или кога уредот
нема да се користи подолго од
еден месец:
Испуштете го погонското
гориво во соодветен сад и
ставете го моторот во
мирување како што е опишано
во прирачникот за моторот,
Внимание
Испуштаjте го погонското гориво
само на отворено.
Исчистете го уредот и
собирачот на трева.
Сите метални делови заради
заштита од корозиjа
избришете ги со мрсна крпа
(масло без восок) или
испрскаjте ги со масло.
Гаранциjа
Во секоjа земjа важат
гаранциските одредби што се
пропишани од нашето друштво
или од увозникот. Пречките на
вашиот уред во рамките на
гаранциjата ги отстрануваме
бесплатно доколку причината е
грешка во материjалот или
производството. Во случаj за
гаранциjа молиме обратете се на
вашиот продавач или на
наjблиската филиjала.
Информациjа за
моторот
Производителот на моторот
гарантира за сите проблеми
поврзани со моторот во поглед
на силината, мерењето на
силината, техничките податоци,
гаранциjата и сервисот.
Поблиски информации ќе
наjдете во посебно
испорачаното упатство за
сопственикот/ракувачот од
производителот на моторот.
Откривање и
отстранување на
пречките
Пречките при работата на
вашиот уред често пати имаат
едноставни причини што треба
да ги познавате и делумно
самите да можете да ги
отстраните. При двоумење со
задоволство ќе ви помогне
вашиот специјализиран
продавач.

Publicidad

loading