148 | Македонски
Не го вклучувајте алатот доколку не е цврсто
u
поставен на работната површина. Доколку алатот не
е прицврстен на работната површина, спојницата нема
да достигне до делот што се обработува.
Исклучете го алатот од струја доколку има
u
заглавена спојница во него. При отстранување на
заглавената спојница, хефталката може ненадејно да
се вклучи доколку не е исклучена од струја.
Бидете внимателни при отстранување на заглавена
u
спојница. Механизмот може да биде под притисок, а
заглавената спојница може силно да се испушти кога
се обидувате да ја одглавите.
Не ја користете оваа хефталка за поврзување на
u
електрични кабли. Не е наменета за електрична
инсталација, и може да ја оштети изолацијата на
електричните кабли и да доведе до струен удар или
пожар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
1 609 92A 6V3 | (09.09.2022)
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за хефтање на материјали,
кожа, картон, фолии, изолационен материјал и сличен
материјал на мека подлога, на пр. дрво или материјал
сличен на дрво. Електричниот алат не е наменет за
зацврстување на ѕидни и тавански облоги.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Клун за хефтање
(2) Чкрапало
(3) Ознака за претходно подесување на јачината на
удар
(4) Вртливо копче за претходно подесување на
јачината на удар
(5) Рачка (изолирана површина на рачката)
(6) Батерија
(7) Приказ за наполнетост на батеријата
(8) Механизам за отклучување на муницијата
(9) Магацин
(10) Отвори за разделници
(11) Приказ за дополнување/отвор за хефталка за
хартија
(12) Излезни хефт иглички/клинец
(13) Хефталка за хартија/разделник
a)
(14) Ленти со хефт иглички
a)
(15) Ленти со клинци
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериска пневматска
хефталка
Број на дел
Број на удари
Муниција
Ленти со хефт иглички
– Ширина
– Должина
Ленти со клинци
– Должина
Макс. капацитет на
зафатување
Тежина согласно EPTA-
A)
Procedure 01:2014
a)
UniversalTacker
18V-14
3 603 BA7 0..
–1
min
30
Тип 53
mm
11,4
mm
6–14
Тип 48
mm
14
140
kg
1,8 (1,5 Ah)–
2,1 (6,0 Ah)
Bosch Power Tools