Descargar Imprimir esta página

Bosch UniversalTacker 18V-14 Manual Original página 150

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 25
150 | Македонски
Монтажа
Полнење на магацинот (види слики A1−A2)
Користете само оригинална Bosch-опрема.
u
Прецизните делови на пневматската хефталка како
магацинот, делот за туркање и каналот за пукање се
прилагодени на хефт-игличките и клинците на Bosch.
Другите производители употребуваат друг квалитет на
челик и димензии.
На контролното прозорче на приказот за
дополнување (11) проверете дали има уште хефт
иглички или клинци.
– Свртете го електричниот алат.
– Притиснете го механизмот за отклучување на
муницијата (8) и извлечете го магацинот (9) наназад.
– Вметнете ги лентите со хефт иглички (14) одн. лентите
со клинци (15).
При ставањето на лентите со клинци (15) легнете ја
пневматската хефталка на косо, за да може да легнат
клинците на страничниот ѕид. Внимавајте на ознаката.
– Ставете го магацинот (9) назад додека не се вклопи.
При отворањето, полнењето и затворањето на
u
магацинот не употребувајте сила.
Употреба
Ставање во употреба
Блокадата на чкрапалото што е поврзано со подвижниот
клун за хефтање (1) го спречува ненамерното
испукување доколку ненамерно се притисне
чкрапалото (2).
Вклучување/исклучување (поединечно активирање)
– Поставете го цврсто клунот за хефтање (1) најпрво на
делот што се обработува, додека не се притисне
целосно.
– Насочете го право притисокот и притиснете на
чкрапалото (2).
– Откако ќе ги искористите сите хефт иглички, отпуштете
го чкрапалото (2) и подигнете го клунот за
хефтање (1) од делот што се обработува.
Вклучување/исклучување (контактно активирање)
– За брзо работење може да го држите чкрапалото (2)
притиснато.
Притиснете го цврсто клунот за хефтање (1) на делот
што се обработува, додека не се активира
испукувањето. Поставете ја пневматската хефталка на
следното место и одново притиснете го цврсто клунот
за хефтање (1) на делот што се обработува.
Претходно бирање на јачината на удар
Напомена: Најпрво испробајте ја поставената ударна
сила на еден остаток од материјал. Оптималната поставка
на ударната сила мое да се утврди дури по практичен
обид.
1 609 92A 6V3 | (09.09.2022)
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Со вртливото копче (4) за претходно подесување на
јачината на удар може претходно да ја изберете јачината
на удари по степени.
Внимавајте на ознаката (3) за претходно подесување на
јачината на удар на електричниот алат.
Потребната јачина на удари зависи од должината на хефт
игличките одн. клинците и цврстината на материјалот.
Поле за подесување на тркалцето за подесување
6
8
Подлога
Меко дрво
(бор)
Тврдо дрво
(бука)
Иверки
Шперплочи
Совети при работењето
Со овој електричен алат може да работите со
u
19 mm хефт иглици. Затоа не го користете
електричниот алат за зацврстување на тавански
облоги со стеги за дрвени профили или фуги.
Избегнете испукување во празно, за да избегнете
изабување на втиснувачот.
По завршување на работите поставете ја ударната сила
на тркалцето за подесување со претходно избирање на
ударната сила (4) на пониска вредност, за да ја
ослободите затезната пружина.
Внимателно поставувајте го клунот за хефтање (1).
Меките делови за обработка (на пр. борово дрво) може
да се оштетат доколку се употреби преголем притисок.
Електричниот алат е дизајниран за краткотраен режим со
максимално време на работа од 10 минути при постојано
оптоварување. Се загрева при континуирано работење.
Затоплувањето ја намалува јачината на апаратот.
Исклучете го електричниот алат по максимум 10 минути
работа и оставете го да се излади.
Отстранување на заглавените хефт-иглички
Отстранете ја батеријата од електричниот алат пред
u
да извршите каква било работа на електричниот
алат.
– Свртете го електричниот алат.
– Притиснете го механизмот за отклучување на
муницијата (8) и извлечете го магацинот (9) наназад.
– Отстранете ги заглавените хефт-иглички. По потреба
употребете клешти.
– Ставете го магацинот (9) назад додека не се вклопи.
10
12
14 mm
14 mm
1–4
4
5–8
8
3–8
5
3–8
6
Bosch Power Tools

Publicidad

loading