Descargar Imprimir esta página

Bosch GCM 12 GDL Professional Manual Original página 360

Ocultar thumbs Ver también para GCM 12 GDL Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 63
360 | Македонски
 Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
 Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
 Во случај да се заглави листот за пилата, исклучете
го електричниот апарат и држете го цврсто делот
што се обработува, додека листот за пилата не дојде
во состојба на мирување. За да избегнете повратен
удар, делот што се обработува смее да се движи
дури откако листот за пилата ќе се смири. Отстранете
ја причината за заглавување на листот од пилата, пред
повторно да го стартувате уредот.
 Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
 Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот за
пилата директно кон делот што се обработува.
Инаку постои опасност од повратен удар, доколку
листот за пилата се заглави во делот што се обработува.
 Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да
настанат сериозни повреди, доколку електричниот
апарат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со листот за пилата.
 Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
електричниот апарат.
 Не ги ставајте прстите помеѓу подвижните делови на
лизгачката рачка. Може да ги заглавите прстите и да
се повредите.
 Цврсто држете ја дршката пред вклучувањето и за
време на целокупниот процес на сечење. Со лизгач-
ката рачка контролирајте го движењето за време на
сечењето. Еден момент на невнимание со екстремно
лесно подвижната лизгачка рачка може да доведе до
сериозни повреди.
 Делот за обработка секогаш сечете го од предната
страна наназад. Инаку постои опасност од повратен
удар, доколку листот на пилата се заглави во делот што
се обработува.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
1 609 92A 0XN | (13.10.14)
Ознаки и нивно значење
 Ласерско зрачење
Не погледнувајте во зракот
Класа на ласер 2
 Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку дојдете
во контакт со листовите за пила постои
опасност од повреда.
 Носете маска за заштита од прав.
 Носете заштитни очила.
 Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да влијае
на губењето на слухот.
 Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
 Не ги ставајте прстите помеѓу
подвижните делови на лизгачката
рачка. Може да ги заглавите прстите и
да се повредите.
305 mm
Ø
Внимавајте на димензиите на листот за пилата.
Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на
вретеното на вретеното на алатот. Не користете адаптери
или редуктори.
При транспорт држете го електричниот
уред само на овие означени места
(жлебови за држење) или за
транспортната дршка.
Никогаш не го носете електричниот
апарат за дршката на лизгачката рачка.
30
Ø
mm
Bosch Power Tools

Publicidad

loading