Descargar Imprimir esta página

Bosch GCM 12 GDL Professional Manual Original página 366

Ocultar thumbs Ver también para GCM 12 GDL Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 63
366 | Македонски
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика C)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на десната и левата
страна со помош на продолжетоците 11.
– Преклопете го затегнувачкиот лост 51 навнатре.
– Повлечете го продолжетокот на масата за пила 11 до
посакуваната должина нанадвор (максимум 250 mm).
– За фиксирање на продолжетокот на масата за пила
повторно притиснете го затегнувачкиот лост 51
нанадвор.
Продолжување на граничните водилки (види слика D)
При вертикални агли на закосување мора да ги поместите
продолжетоците на граничните водилки 9.
– Свртете го затегнувачкиот лост 52 нанапред.
– Повлечете го продолжетокот на граничните водилки 9
сосема нанадвор.
– За фиксирање на подесливата гранична водилка
повторно притиснете го затегнувачкиот лост 52
наназад.
Вадење на подесливата гранична водилка
(види слика E)
При екстремно вертикални агли на закосување мора
целосно да ги извадите продолжетоците на граничните
водилки 9.
– Свртете го завршниот лим 53 нанадвор.
– Свртете го затегнувачкиот лост 52 нанапред.
– Повлечете го продолжетокот на граничните водилки 9
сосема нанадвор.
– Подигнете го продолжетокот на граничните водилки до
крај нанадвор.
Подесување на придушувањето на лизгачката рачка
(види слика F)
Лизгачкиот механизам на лизгачката рачка 28 е фабрички
подесен и не е придушен при испораката на електричниот
апарат.
Придушувањето на лизгачкиот механизам може
индивидуално да го подесите на придушувачот 54:
тврдо – контролирани работни движења;
меко – брзо сечење со пилата.
– Олабавете ги двете завртки за подесување 55 со
внатрешен шестаголен клуч (4 mm) 20 за помеко
придушување
или
затегнете ги цврсто двете завртки за подесување 55 за
потврдо придушување.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика G)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
1 609 92A 0XN | (13.10.14)
– Притиснете го делот што се обработува спроти
граничната водилка 10.
– Вметнете ја столарската стега 22 во отворите
предвидени за таа намена 56.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 57 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
прачката со навој 58 .
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 371).
 Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 15
пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се
заглави во делот што се обработува.
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика H)
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, на масата за пила има жлебови 18:
лево
15°; 22,5°; 31,6°; 45°
– Отпуштете го копчето за фиксирање 15, доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот 16 и свртете ја масата за пила 38 до
саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се
вклопи во жлебот.
Поставување на хоризонтални агли на закосување
(види слика I)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 52° (на левата страна) до 60° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 15, доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот 16 и истовремено притиснете на
копчето за слободен тек на аголот 14 нанапред и
надолу.
На тој начин лостот 16 ќе се блокира и масата за пилата
ќе биде слободно подвижна.
– Вртете ја масата за пила 38 со држачот налево или
надесно додека показателот на агли 59 не го покаже
саканиот агол на закосување.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 15.
– За повторно да го олабавите лостот 16 (за поставување
на стандардни агли на закосување), повлечете го
лостот нагоре.
Копчето за слободен тек на аголот 14 ќе се врати во
првобитната позиција и лостот 16 ќе може повторно да
се вклопи во жлебовите 18.
десно
15°; 22,5°; 31,6°; 45°; 60°
Bosch Power Tools

Publicidad

loading