626
Македонски
-
Уредот не содржи делови што корисникот може
да ги сервисира. Ако уредот се оштети, престанете
да го користите и контактирајте со Центарот за
грижа на корисниците во вашата држава. Само
уреди со кабел: Ако кабелот е оштетен, заменете
го полначот со стерилизатор со нов.
-
Не користете го полначот и/или стерилизаторот
надвор или во близина на загреани површини.
-
Немојте да чистите ниту еден дел од производот
во машината за миење садови.
-
Овој уред е дизајниран само за чистење заби,
непца и јазик.
-
Чувајте го стерилизаторот надвор од дофатот на
деца во секое време.
-
Престанете со користење на стерилизаторот ако
УВ-сијалицата останува вклучена кога вратата е
отворена. УВ-светлото може да биде штетно за
човечките очи и кожа.
-
Ракувајте со стерилизаторот само со заштитен
екран.
-
Не допирајте ја УВ-светилката на УВ-
стерилизаторот кога е жешка.
-
Престанете да ја користите главата на четката со
згмечени или извиткани влакна. Менувајте ја
главата на четката на секои 3 месеци или порано
ако се појават знаци на абење.
-
Избегнувајте директен контакт со производи што
содржат есенцијални масла или кокосово масло.
Контактот може да доведе до вадење на влакната.
-
Престанете да го користите апаратот и советувајте
се со забар/лекар ако настане претерано
крвавење по користењето, ако крвавењето
продолжи да се појавува по 1 седмица од
користењето или ако почувствувате непријатност
или болка.
-
Ако сте имале орална хируршка интервенција или
операција на непцата во претходните 2 месеци,
советувајте се со стоматологот пред да го
користите уредов.