Descargar Imprimir esta página

Skil 9791 Manual Original página 149

Publicidad

e) Одржувајте го електричниот алат и
дополнителната опрема. Имајте контрола околу
тоа дали движечките делови на уредот работат
беспрекорно и дали не се заглавени, дали
деловите се скршени или оштетени до таа мерка
што не може да се обезбеди функционирање на
уредот. Пред примената, овие оштетени делови
треба да се поправат. Причина за многу незгоди е
лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА АГОЛНИ БРУСАЛКИ
1) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ОПЕРАЦИИ СО БРУСЕЊЕ ИЛИ АБРАЗИВНО
ОТСЕКУВАЊЕ
a) Овој алат е наменет да за брусење или
сечење. Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, упатства, слики и
спецификации што се обезбедуваат со овој алат.
Непочитувањето на сите упатства подолу може да
доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна
повреда.
b) Овој алат не се препорачува за пескарење,
четкање или полирање. Операциите за кои не е
наменет овој алат може да бидат ризични или да
предизвикаат лична повреда.
c) Не користете дополнителна опрема којашто
производителот на алатот специфично не ја
наменува или препорачува. Само заради тоа што
одредена дополнителна опрема може да се прикачи
на алатот, тоа не значи дека ќе обезбеди безбедна
работа.
d) Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот. Дополнителната
опрема којашто работи побргу од номиналната
брзина може да се откачи.
e) Надворешниот пресек и дебелина на
употребениот прибор мора да соодветствуваат
на мерните податоци на Вашиот електричен
прибор. Погрешно измерениот применет прибор не
може доволно да се заштити и контролира.
f) Поставувањето на дополнителната опрема со
протнување мора да се совпаѓа со нишката
на ободот на брусилката. Кај дополнителната
опрема што се поставува со крилца, целиот
отвор на опремата мора да се вклопува во
дијаметарот на крилцето каде што ќе се постави.
Дополнителната опрема којашто не соодветствува на
елементот за поставување кај алатот нема да работи
рамномерно, ќе вибрира прекумерно и може да
предизвика да ја загубите контролата.
g) Не користете оштетена дополнителна опрема.
Проверете ја дополнителната опрема пред секоја
употреба за да утврдите дали абразивните
тркала содржат парчиња и пукнатини, дали
потпорните подлошки имаат пукнатини, дали
челичните четки имаат разлабавени или
скинати жици. Ако алатот или дополнителната
опрема паднат, проверете дали се оштетиле или
ставете неоштетена дополнителна опрема.. По
проверката и поставувањето на дополнителната
опрема, поставете се подалеку од опсегот
на ротирачката дополнителна опрема, потоа
вклучете го алатот на максималната брзина
да работи една минута без оптоварување.
Оштетената дополнителна опрема обично ќе се
откачи во текот на овој период за проверка.
h) Носете лична опрема за заштита. Зависно
од употребата, носете заштита за лице,
безбедносни очила или заштитна маска.
Ако е соодветно, носете маска за прашина,
заштита за уши, ракавици или престилка што
имаат капацитет да ги застануваат ситните
абразивни честички или остатоци од работата.
Заштитата за очи мора да овозможува застанување
на разлетаните остатоци од работата при разни
операции. Маската за прашина или респираторот
мора да имаат капацитет за филтрирање на честички
коишто се генерираат при работата. Продолжено
изложување на голема бучава може да го оштети
слухот.
i)
Стојте настрана на безбедно растојание од
областа за работа. Секој што ќе пристапи до
областа за работа мора да носи лична опрема
за заштита. Честичките од работата или од
скршена дополнителна опрема може да одлетаат и
да предизвикаат повреда подалеку од областа за
работа.
j)
Држете го алатот само за изолираните површини
за зафаќање кога извршувате работа при која
што дополнителната опрема за сечење може
да дојде во контакт со сокриените жици или со
кабелот. Ако дополнителната опрема за сечење
дојде во контакт со жица под напон, може да ги
електрифицира металните делови на алатот и да
предизвика електричен удар на операторот.
k) Поставете го кабелот подалеку од
дополнителната опрема којашто се врти. Ако
изгубите контрола, кабелот може да се пресече
или се попречи и раката или дланката може да се
повлечат кон дополнителната опрема којашто се
врти.
l)
Никогаш не оставајте го алатот додека
дополнителната опрема не се смири во целост.
149

Publicidad

loading