Descargar Imprimir esta página

Skil 9791 Manual Original página 151

Publicidad

обидувајте се да го извадите тркалото за сечење
додека се движи, во спротивно може да дојде до
повратен удар. Проверете и преземете корективни
дејства за да исклучите причина за виткање на
тркалото.
d) Не започнувајте ја работата со сечење во
самиот предмет за работа. Оставете тркалото да
постигне полна брзина и внимателно навлезете
во линијата за сечење. Тркалото може да се свитка,
да се откачи или да предизвика повратен удар ако
алатот се вклучува во самиот предмет за работа.
e) Потпрете ги панелите или преголемите предмети
за работа за да го сведете ризикот од потфаќање
на тркалото или од повратен удар на минимум.
Големите предмети за работа се виткаат заради
нивната тежина. Потпорите мора да се постават под
предметот за работа близу линијата за сечење и
близу работ на предметот за работа од двете страни
на тркалото.
f) Обрнете особено внимание кога правите „џебен
засек" во постојни ѕидови или други слепи
области. При навлегување, тркалото може да ги
пресече цевките за плин или вода, електричната
инсталација или да наиде на предмети коишто ќе
предизвикаат повратен удар.
ДОПОЛНИТЕЛНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ
Овој алат не е соодветен за мокро брусење/сечење
Користете ги исклучиво рабовите кои сте ги добиле
со овој алат
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Користете само дискови за брусење/сечење со
максимална дебелина од 8 мм/3 мм и со отвор за
осовината од 22 мм
За поставување и користење на приборите кои не се
SKIL погледнете го упатството на производителот
Не користете редуктори или апарати за да ги ставите
дисковите за стругање или сечење со преголем
отвор
Никогаш не користете прибор со отвор на "слепи"
навивки помали од М14 х 21мм
Внимателно ракувајте со дисковите за брусење и
сечење и чувајте ги за да избегнете оштетувања
КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
Приклучете го електричниот алат со помош на
автоматскиот прекинувач за излегување на струјата
(F) посилно од 30 mA
ПРЕД УПОТРЕБА
Пред првото користење на електричниот алат, се
препорачува да добиете практични информации
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
Секогаш поставувајте ги дополнителната рачка F 2
и заштитата G 2 ; никогаш не користете го алатот
без нив
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Бидете внимателни при острење на утор, особено
на носечките ѕидови (уторите на носечките ѕидови
се во склад со прописите на одредени држави; овие
прописи задолжително треба да се прегледаат)
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
Немојте да го прицврстувате електричниот алат во
менгеме
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
Никогаш не користете го алатот кога кабелот е
оштетен; тој мора да се замени со специјално
подготвен кабел достапен преку организацијата на
услуги.
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
ПО УПОТРЕБА
По исклучувањето на електричниот алат, никогаш не
го запирајте вртењето на приборот со користење на
странична сила
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Носете заштитни очила и заштита за ушите
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
Поставување на приборот 2
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- исчистете го вретеното A и сите делови што ќе ги
поставите
151

Publicidad

loading