178 | Македонски
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I".
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја. Доколку се активира заштитата од
рестартирање, приказот за контрола на температурата/
заштита од преоптоварување (6) трепка непрекинато.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) ставете го во исклучена положба и
одново вклучете го електричниот алат.
Напомена: При брзо исклучување и вклучување може да
се активира заштитата од рестартирање и електричниот
алат да не стартува со работа и покрај активираниот
прекинувач за вклучување/исклучување (7).
Прекинувачот за вклучување/исклучување (7) ставете го
во исклучена позиција и одново вклучете го
електричниот алат.
Претходно избирање на бројот на одови
Со копчето за подесување на претходното избирање на
број на работни одови (5) можете истите претходно да ги
изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на
температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи
или се исклучува електричниот уред. При намален број
на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го.
1 609 92A 4TB | (28.03.2019)
Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
Црвениот приказ за контрола на температурата/заштита
од преоптоварување (6) Ви помага да ја заштитите
батеријата од прегревање и моторот од
преоптоварување.
Доколку свети приказот за контрола на температурата/
заштита од преоптоварување (6) непрекинато црвено,
температурата на батеријата е превисока и електричниот
алат автоматски се исклучува.
Исклучете го електричниот алат и оставете ја батеријата
да се олади, пред да продолжите со работата.
Доколку приказот за контрола на температурата/заштита
од преоптоварување трепка (6) црвено, електричниот
алат е блокиран и автоматски се исклучува.
Извлечете го електричниот алат од делот што се
обработува. Штом се отстрани блокадата, електричниот
алат продолжува да работи со поставениот број на удари.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш
u
користете стабилна подлога.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете
ги.
Сечење со вдлабнување (види слика I)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила
за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол
на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (9) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (13) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (9) целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечење по должина на линијата.
Паралелен граничник со кружен отсекувач (опрема)
За работење со паралелен граничник со кружен
отсекувач (27) (опрема) дебелината на делот што се
обработува треба да изнесува максимално 30 mm.
Bosch Power Tools