Descargar Imprimir esta página

Beko BHCA66641BBBHS Manual De Instalación página 38

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 61
• Затворете го стаклениот капак на
аспираторот по инсталирање на
алуминиумскиот филтер.
Инсталирање на излезните цевки
на оџакот (Слика 12а)
• Како што е прикажано на слика 12а,
поставете го капакот, што спречува
обратен проток на воздух, на излезот
од оџакот.
• Доколку дијаметарот на излезната
цевка на оџакот е 150 мм, монтирајте ја
излезната цевка на оџакот на капакот.
• Доколку дијаметарот на излезната
цевка на оџакот е 120 мм, монтирајте ја
излезната цевка на оџакот откако ќе го
поставите адаптерот за поврзување на
оџакот на капакот.
• Соодветно изолирајте ги спојките.
Прицврстување на капаците на
оџакот (Слики 13-14а-14б)
• Залепете ја лентата испорачана
со производот околу спојката на
пластичниот дел, спречувајќи обратен
проток на воздух, и излезот на оџакот
од аспираторот (Слика 13).
• Доколку го монтирате апаратот со
единечно продолжение на оџак,
како што е прикажано на слика
14а, завршете ја инсталацијата со
зацврстување на продолжението на
оџакот, кое има 4 отвори за завртки,
со 4 завртки низ долните кругови
на отворите што се достапни на
аспираторот.
• Доколку го монтирате апаратот со
двојно продолжение на оџак, како што
е прикажано на слика 14б, зацврстете
го продолжението на оџакот, кое има
4 отвори за завртки, првично, со 4
завртки на начин што ќе се постави
на горниот дел. Потоа, зацврстете го
продолжението на оџакот, кој има 2
отвори за завртки, на зацврстениот
горен оџак и завршете ја инсталацијата
со заврстување со 2 завртки низ
долните отвори.
2- Инсталација со јаглероден
филтер каде воздухот во
аспираторот се пренесува
во внатрешноста со
минување низ јаглероден
филтер
• При монтирањето на јаглеродниот
филтер, воздухот што се вшмукува
од околината поминува низ
алуминиумскиот филтер и се
38
прочистува од миризби. Откако ќе
помине низ јаглеродните филтри
и пренасочувачот на воздухот, се
враќа назад во околината преку
вентилационите решетки на
страничната површина на оџакот.
Цевките на оџакот не се користат при
монтирањето на јаглеродни филтри.
• За инсталација, објаснувањата на
слика 1-2 важат за инсталација со оџак.
Димензии и детали за
монтирањето (Слика 3-4)
• Димензиите за инсталација со двоен
оџак се прикажани на слика 3б. За
инсталација на јаглеродниот филтер,
двата дела од А-деловите на кои ќе
се прицврсти дефлекторот за воздух
мора да се прицврстат во димензиите
прикажани на слика 3д.
• Доколку ја изведувате инсталацијата со
двоен оџак, должината на потребното
растојание над плотната до Вашиот
мебел треба да биде во опсег од 910-
1138 мм. (Слика 4б)
• Доколку ја изведувате инсталацијата
со единечен оџак, должината на
потребното растојание над плотната
до Вашиот мебел треба да биде 748
мм (Слика 3а-4а) За инсталација
со единечен оџак, користете го
горниот оџак со отвор за вентилација
Дополнително за инсталирањето на
јаглероден филтер, двата дела од
А-деловите на кои ќе се прицврсти
дефлекторот на воздухот мора да се
прицврстат во димензиите прикажани
на сликата 3в.
Инсталација на деловите за
прицврстување на производот
(Слика 5-6-7а-7б)
• Центрирајте ја плотната и нацртајте
вертикална линија на оската на ѕидот.
• Нацртајте хоризонтална референтна
линија со димензии од 650 мм
растојание од врвот на плотната.
(Слика 5)
• Центрирајте го шаблонот даден со
производот на референтната точка
што ја нацртавте, залепете го на ѕидот
и означете ги дупките во шаблонот со
молив. (Слика 6)
• Од врвот на мебелот или таванот,
означете ги дупките за деловите за
прицврстување на оџакот според
димензиите прикажани на слика 6.
• Прицврстете го делот за
прицврстување на аспираторот и

Publicidad

loading