Descargar Imprimir esta página

Skil F0158004 Manual Original página 138

Ocultar thumbs Ver también para F0158004:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 43
- кога температурата ќе се спусти на доволно ниво
(што трае неколку секунди), греачот автоматски
ќе се вклучи
! кога алатот ќе се исклучи по работа на висока
температура и ќе се вклучи одново по кратка
пауза, ќе измине извесно време пред
елементот за загревање да ја постигне
саканата температура
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Отстранување боја/лак 0
- користете чист, остар стругач
- кога бојата ќе омекне, стружете поцврсто
- пробајте да утврдите колку долго е потребно да
применувате топлина за најдобри резултати
- омекнатата боја веднаш отстранете ја со
стружење, во спротивно повторно ќе се стврдне
- алатот држете го под агол од 30º до 40º во однос
на предметот врз кого работите
- бојата и отпадоците веднаш отстранете ги од
стружачот за да не се запалат
- секаде каде што е можно, стругајте со рапавиот
дел на дрвото
- не насочувајте го млазот топол воздух предолго
кон иста површина
- внимателно отстранете ги сите остатоци од боја
- темелно исчистете ја работната површина откако
ќе завршите со работа
! бидете внимателни при вадењето слоеви боја
во постарите згради(објекти); можно е да биле
употребени бои што содржат олово кое е
многу отровно
! изложување дури и на најмало количество
олово може да предизвика сериозни
оштетувања на мозокот и на нервиот систем;
малите деца и новороденчиња се особено
чуствителни
! оловната боја нека ја отстрани стручно лице
без користење фен со топол воздух
ДРУГИ ПРИМЕРИ НА УПОТРЕБА:
★ отстранување (синтетички) ѕидни облоги
• Отстранување боја/лак во допир со стакло !
- секогаш користете заштитен млазник за стакло G
кога работите во контакт со стакло
- отстранете ја бојата со стругалка
! не користете алат за отстранување боја на
прозорците со метална рамка; металот
спроведува топлина што може да доведе до
прскање на стаклото
• Отстранување налепници (користете рамен млазник
H) @
- многу налепници омекнуваат при загревање и на
тој начин овозможуваат лепливите врски да се
одвојат и вишокот лепак да се отстрани
! загревајте ја налепницата од горната страна
! секогаш водете сметка да не ја прегреете
подлогата
ДРУГИ ПРИМЕРИ НА УПОТРЕБА:
★ отстранување линолеум и винилски подни облоги
★ отстранување покривки изработени од синтетски
влакна
★ отстранување фурнири/лепење фурнир ленти
★ омекнување/топење катран, калај, битумен, смола
(користете рамен млазник H)
★ восочење (скии, намештај) (користете рамен
млазник H) #
★ отстранување смола
★ олабавување рѓосани/премногу стегнати метални
завртки, матици и завртки
★ отстранување восок од свеќи (немојте да ја
прегревате подлогата)
★ спојување скршени свеќи/исправување свеќи во
претходната состојба
• Стеснување $
- користете рефлектирачки млазник J или
редукционен млазник K
- изберете цевка за стеснување со пречник што
одговара на предметот врз кој работите
- рамномерно загревајте ја цевката за стеснување
ДРУГИ ПРИМЕРИ НА УПОТРЕБА:
★ завивање со валкање
• Лемење водни цевки %
Овој алат е најсоодветен за работа со меко лемење
(точка на топење под 400º)
- користете рефлектирачки млазник J
- темелно исчистете ги двете спојни места пред да
пристапите кон лемење
- претходно загрејте ги двата дела и нанесите калај
(не користете калај врз база на олово)
• Растопување смрзнати цевки за вода ^
- користете рефлектирачки млазник J
- рамномерно загрејте го смрзнатиот дел
! често е тешко да се разликуваат цевките за
вода од цевките за гас; загревањето цевки за
гас е исклучително опасно- постои ризик од
експлозија
ДРУГИ ПРИМЕРИ НА УПОТРЕБА:
★ растопување цевки за вода што се изработени од
PVC (позиција I, макс. 60°)
★ одмрзнување смрзнати брави на автомобили
(позиција I, макс. 60°) (користете редукционен
млазник K)
★ одмрзнување ладилници (не оштетувајте го
пластичното куќиште)
★ одмрзнување смрзнати скали и тротоари
• Обликување пластични цевки
- користете рефлектирачки млазник J
- наполнете цевка со песок и запечатете ја на двата
краја за да избегнете искривување на цевката
- рамномерно загрејте ја цевката на тој начин што
ќе ја поместувате од едната страна кон другата
ДРУГИ ПРИМЕРИ НА УПОТРЕБА:
★ обликување пластика со ниска точка на топење
(полиетилен, PVC и сл.)
★ обликување пластика со висока точка на топење
(акрилно стакло, плексиглас и сл.)
★ обликување покривки изработени од синтетски
влакна
★ обликување и свиткување дрво (моделарство)
• Лепење пластика
- шавот што се заварува мора да биде исчистен и
не смее да биде замастен
138

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

8004