Descargar Imprimir esta página

Zanussi ZFX305W Manual De Instrucciones página 18

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 58
Помошни напомени и совети
Нормални работни звуци
• Кога разладното средство се пумпа низ
намотките или цевките, може да се
слуша звук на тивко гргорење и
клокотење. Тоа е нормално.
• Кога компресорот е вклучен, средството
за ладење се пумпа низ системот и од
него ќе слушате звуци на шумење и
тропање. Тоа е нормално.
• Термичката дилатација може да
предизвика ненадејни звуци на пукање.
Тоа е природен, безопасен физички
феномен. Тоа е нормално.
• Кога компресорот се вклучува или
исклучува, ќе слушате слабо "кликање"
на температурниот регулатор. Тоа е
нормално.
Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето,
еве неколку важни совети:
• максималното количество храна што
може да се смрзне за 24 часови е
покажано на плочката со спецификации;
• смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да
се додава храна за смрзнување во тој
период;
• смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
• поделете ја храната во мали порции за
да може брзо и целосно да се смрзне и
за да овозможите одмрзнување само на
потребните количества;
• завиткајте ја храната во алуминиумска
или пластична фолија убаво и стегнато;
Нега и чистење
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од
струја пред да вршите каква било
постапка за одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги вршат
само овластени техничари.
18
• не дозволувајте свежата несмрзната
храна да ја допира храната што е веќе
смрзната, за да не ја загреете вторава;
• немасната храна се чува подобро и
подолго отколку масната; солта го
намалува векот на чување на храната;
• водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето од преградата на
замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатици на кожата;
• препорачливо е да се запише датумот
на смрзнување на секое пакување за да
можете да водите сметка за времето на
смрзнатост.
Совети за чување смрзната храна
За да добиете најдобри перформанси од
апаратот, почитувајте ги следниве
напомени:
• проверувајте дали комерцијалните
смрзнати прехранбени продукти биле
соодветно чувани кај продавачот;
• внимавајте смрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од
продавницата до замрзнувачот во
најкраток можен рок;
• не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно.
• Штом ќе се одмрзне, храната се
расипува брзо и не може повторно да се
смрзне.
• Не надминувајте го препорачаниот
период за чување.
Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
• измијте ги внатрешноста и додатоците
со млака вода со малку неутрална
сапуница.

Publicidad

loading