• редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти
и без нечистотии.
• избришете и исушете целосно.
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте ги
и не оштетувајте ги цевките и каблите во
фрижидерот.
Не користете детергенти, груби прашоци,
многу парфимирани средства за чистење
или восок за полирање за чистење на
внатрешноста, бидејќи така може да се
оштетат површините и да остане силен
мирис.
Чистете ги кондензаторот (црната
решетка) и компресорот од задната страна
на апаратот со четка или правосмукалка.
Со тоа се подобрува работењето на
апаратот и се штеди електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски
површини содржат хемикалии што може
да ја нагризат или оштетат пластиката на
апаратот. Поради тоа, се препорачува
надворешноста на апаратот да се чисти
само со топла вода со малку течност за
миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на замрзнувачот
Одредена количина мраз секогаш ќе се
формира на полицата за замрзнување и
околу делот за замрзнување.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот
мраз ќе достигне дебелина од околу 3-5
mm.
ВАЖНО Четири до пет часа пред
одмрзнување подесете го Регулаторот за
Температура на "SUPER" позицијата за да
создаде доволна резерва на студенило
при прекин во работата.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1. Исклучете го апаратот и извадете го
приклучникот од штекерот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место.
ВНИМАНИЕ Не допирајте ги
смрзнатите работи со мокри раце.
Рацете може да се залепат за смрзнатото.
3. Оставете ја вратата отворена и
отстранете ја полицата за
замрзнување. Со пластична стргалка
може да се иструга и отстрани помала
количина на слана и мраз. Изметете ја
водата од топењето и истата можете
да ја отстраните ако соодветен висок
сад е поставен пред апаратот и водата
од одмрзнувањето ќе истече во него.
За да го забрзате одмрзнувањето,
ставете лонче со топла вода во
замрзнувачот. Освен тоа, отстранете ги
парчињата мраз што се откачуваат пред
да заврши одмрзнувањето.
4. Кога одмрзнувањето е завршено,
темелно исушете ја внатрешноста.
5. Вклучете го апаратот.
6. Свртете го Регулаторот на
Температура кон "SUPER" позицијата и
оставете го да работи барем 4 часа
7. Вратете ја предходно извадената
храна во преградите.
8. Вратете го Регулаторот на
Температура на "NORMAL" позиција.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Никогаш не
користете метални алатки за да го
стругате мразот од испарувачот, бидејќи
може да го оштетите.
Не користете механички уреди или какви
било други вештачки средства за
забрзување на процесот на одмрзнување,
освен оние што се препорачани од
производителот.
Зголемувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на
одмрзнувањето може да го скрати
нејзиниот век на чување.
19