Descargar Imprimir esta página

Makita PF400MP Manual De Instrucciones Original página 196

Ocultar thumbs Ver también para PF400MP:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 47
Работодавачот е одговорен дали
операторите со алатот и другите лица
во непосредната работна околина носат
соодветна безбедносна заштитна опрема.
4.
За спречување надразнување од прав, се
препорачува да се носи маска за лице.
5.
Додека работите со машината, секогаш
носете заштитни обувки што не се лизгаат.
Нелизгавите безбедносни чизми и чевли со
затворени прсти ќе го намалат ризикот од
повреда.
6.
Носете заштита за ушите, како што се
штитници за уши. Изложувањето на бучава
може да предизвика губење на слухот.
7.
Носете заштитни ракавици.
Работење
1.
Пред работата, осигурете се дека нема
остри предмети во работната област што
може да го оштетат цревото.
2.
Не истурајте ниту прскајте вода кон
случајни минувачи, животни, уред за
напојување или делови под напон.
3.
Не користете ја пумпата за питка вода.
Не испумпувајте корозивни хемикалии или
4.
запаливи течности.
5.
Расчистете ги децата, случајните минувачи
и домашните миленици од областа.
Децата, случајните минувачи и домашните
миленици држете ги надвор од радиус од
минимум 5 м.
6.
Исклучете ја машината и извадете ја
касетата за батерија, потоа осигурете
се дека сите подвижни делови целосно
запреле
секогаш кога ја оставате машината.
пред да пристапите кон деблокирања.
пред проверување, чистење или
работење на машината.
доколку машината започне да вибрира
ненормално.
7.
Работете со машината само дење или на
добро вештачко светло.
Не пресегајте предалеку и одржувајте
8.
соодветна рамнотежа и стабилна положба
на нозете цело време.
9.
Секогаш внимавајте како газите по
стрмнини.
10. Работете со машината во препорачаната
положба и на цврста површина.
11.
Не работете со машината на високи места.
12. Доколку машината удри во надворешен
предмет или забележите каква било
абнормалност како невообичаена бучава
или вибрации со машината, веднаш
исклучете ја за да го запрете тоа. Доколку
машината е оштетена, побарајте поправка
од овластените сервисни центри на Makita.
13. Спречете ненамерно стартување. Уверете
се дека прекинувачот е во исклучена
положба пред вметнување касета за
батерија, подигање или носење на
машината. Носењето на машината со прстот
на прекинувачот или со вклучен прекинувач
може да предизвика несреќи.
14. Пред да ја склопувате или нагодувате
машината, исклучете ја и извадете ја
касетата за батеријата.
15. Носете лична заштитна опрема пред да го
стартувате машината.
16. Пред да ја стартувате машината,
проверете дали на неа има оштетувања,
лабави завртки/навртки или неправилно
склопување. Проверете дали сите
прекинувачи функционираат исправно.
Исчистете ги и исушете ги рачките.
17. Никогаш не обидувајте се да ја вклучите
машината ако таа или цревото се оштетени
или ако не се целосно склопени.
18. Нагодете ги ременот за рамо и дршката за
рака да одговараат на големината на телото
на операторот.
19. При работењето, користете го ременот за
рамо. Држете ја машината цврсто од вашата
десна страна.
► Сл.2
20. Држете ја предната рачка со левата рака, а
задната дршка со десната рака, без оглед
дали сте деснак или левак. Свиткајте ги
прстите и палците околу рачките.
21. Никогаш не обидувајте се да работите
со машината со една рака. Ако загубите
контрола, може да дојде до сериозна или
фатална повреда. За да го намалите ризикот
од повреди, чувајте ги рацете и стапалата
подалеку од четките или барабаните за
метење.
22. За правилна употреба, следете го
упатството за употреба на уредот за
напојување.
23. Погледнете во упатството за употреба
на уредот за напојување за начинот на
стартување и контрола на машината.
24. За време на работата, секогаш држете го
алатот со двете раце. Никогаш не држете го
алатот со една рака за време на неговата
употреба.
25. Не користете го алатот при лоши временски
услови или ако постои ризик од громови.
26. Пред работа, осигурете се дека ременот за
рамо е соодветно прикачен на алатот.
27. Не потопувајте ја машината во вода ниту
ставајте ја на влажна површина.
196 МАКЕДОНСКИ

Publicidad

loading