Descargar Imprimir esta página

Bosch AdvancedShear 18V-10 Manual Original página 92

Ocultar thumbs Ver también para AdvancedShear 18V-10:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 15
92 | Македонски
Полначот употребувајте го само во суви
простории.
Безбедносни упатства за тримери за жива
ограда со проширен опсег
За да го смалите ризикот од струен удар, никогаш
u
не користете го тримерот за жива ограда со долг
дофат во близина на далноводи. Контакт со
далноводи или употреба во близина на далноводи
може да предизвика повреда или електричен удар,
што може да резултира со смрт.
Секогаш користете две раце кога ги употребувате
u
ножиците за жива ограда на подолг опсег. Држете
го тримерот за жива ограда при проширен дофат со
двете раце, за да избегнете губење контрола.
Секогаш користете тврда капа, кога работите со
u
ножиците за жива ограда на подолг опсег и преку
глава. Паѓањето на непознати предмети може да
предизвика сериозни повреди.
Напомени за оптимално користење на
батериите
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Постои опасност
од експлозија.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
u
канцелариски спајалици, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
u
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени побарајте
помош од лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
u
Инаку, постои опасност од експлозија.
F 016 L78 885 | (16.05.2023)
Држете доволно
растојание од
далноводите.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
u
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Наполнете го мерниот уред со испорачаниот
u
полнач.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака
Значење
Правец на движење
Правец на реакција
Тежина
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
Чујна бучава
Дополнителна опрема/резервни
делови
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните
предупредувања и упатства може да доведе
до електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Видете ги илустрациите на крајот на упатството.
Употреба со соодветна намена
Продолжниот столб AdvancedShear 18V-10 е наменет
само за употреба со AdvancedShear 18V-10 на ниво на
земја за средување на рабовите и грмушките.
вградени компоненти (види слика A)
(1)
Брава за вклучување/исклучување
(2)
ЛЕД светло на бравата за вклучување
(3)
Продолжеток Ножици за трева
(4)
Копче за отпуштање на носачот за сечилото
(5)
Прекинувач за вклучување/исклучување
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

F 016 l78 884