Descargar Imprimir esta página

ST MP 500 Li 48 Manual De Instrucciones página 342

Ocultar thumbs Ver también para MP 500 Li 48:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 175
7.2
АКУМУЛАТОР
7.2.1
Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата главно е условена со:
a. факторите на средината на работа
коишто предизвикуваат најголема
потрошувачка на батеријата:
– сечење/регулација на жбунови
чии гранки се многу големи.
b. однесувањето на операторот
кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во текот на работата,
– употреба на несоодветна техника
за сечење во однос на работата што
треба да се заврши (пасус 6.4.2).
За да се зголеми автономијата на
батеријата, секогаш треба:
• сечете ја грмушката кога е сува,
• користете ја најсоодветната техника за работа.
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
• да набавите втора стандардна батерија за да
ја замените веднаш потрошената батерија
без да треба да ја прекинувате работата.
7.2.2
Исклучување и полнење на батеријата
1. Притиснете го копчето на батеријата
(сл. 21.A) или на батеријата на торбичката
(сл. 22.А) (ако е предвидено).
2. извадете ја батеријата од машината
(сл. 21.B) или од торбичката за батерии
(сл. 22.B) (ако е предвидено);
3. ставете ја батеријата (сл. 23.А) на
своето место за полнење (сл. 23.B);
4. поврзете го полначот на батерии (сл. 23.С)
во извор на ел. енергија со соодветен напон
како оној што е посочен на етикетата;
5. Секогаш полнете го до крај следејќи
ги упатствата дадени во упатството за
батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се доставува со
заштита што го прекинува полнењето ако
температурата во средина не е меѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може
да се полни во секој момент, дури и
делумно без ризик од оштетување.
7.2.3
Повторно поставување на
батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
1. Извадете ја батеријата (сл. 24.А) на своето
место за полнење (сл. 24.B) (избегнувајќи
долго време да ја држите на полнење
доколку завршило полнењето);
2. откачете го полначот на батерии
(сл. 24.C) од струја;
3. вметнете ја батеријата во лежиштето
на машината (сл. 17.B) или во едно од
лежиштата на торбичката за батерии
(сл. 12) (ако е предвидено);
4. притискајќи ја докрај сè додека не слушнете
звук на кликнување што ја блокира на
место и обезбедува електричен контакт.
7.3
ПОЛНЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
СО МАСЛО ЗА СИНЏИРОТ
ВАЖНО Користете исклучиво масло наменето
за моторни пили или масло со адитиви за моторни
пили. Не користете масло што содржи нечистотии
за да не го запушите филтерот во резервоарот
и трајно да ја оштетите пумпата за масло.
Користење масло од врвен квалитет е важен
предуслов за одржување ефикасна подмачканост
на сите делови за сечење; користење масло со
лош квалитет го спречува подмачкувањето и го
намалува времетраењето на синџирот и на лостот.
ВАЖНО Никогаш не вклучувајте го
синџирот без доволно масло зашто така
може да се оштети уредот со поткаструвачот
и да ја загрози безбедноста.
Ако нивото на маслото е ниско, дополнете
следејќи ги следните чекори:
1. Отшрафете и извадете го капачето
(сл. 25.A) на резервоарот за масло.
2. Ставајте масло во резервоарот и следете
го нивото преку индикаторот (сл. 25.B).
3. Во резервоарот за масло не смее да
навлезе нечистотија додека полните.
4. Ставете го капачето за маслото
и зашрафете го.
7.4
ЧИСТЕЊЕ
7.4.1
Чистење на машината и на моторот
На крајот на секоја работа, исчистете ја машината
детално од прав и остатоци при работа.
• За намалување на ризикот од запалување,
одржувајте ги машината, а особено моторот од
остатоци од лисја, гранки и прекумерно масло.
MK - 15

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Mp 700 li 48