Descargar Imprimir esta página

Skil 3622 Manual Original página 117

Herramienta multiuso sin cable ni escobillas

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 40
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 На овој алат може да се постават вообичаените
додатоци за повеќенаменските алати, вклучително и
постојните додатоци на OIS и Starlock
4 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
5 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
6 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
7 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
УПОТРЕБА
Полнење на акумулаторска батерија
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
Вадење/инсталирање на батеријата 2
Индикатор за нивото на батеријата 8
- притиснете на индикаторот за нивото на батеријата
M за да се прикаже тековното ниво на батеријата
8 a
! ако по притискање на копчето M 8 b почне
да трепка индикаторот за најниско ниво на
батеријата, тогаш батеријата е празна
! кога ќе почне да трепка индикаторот за
нивоата на батеријата 2 по притискање на
копчето M 8 c, батеријата не е во рамките на
дозволениот опсег за работна температура
ЛЕД-светилки L 9
ЛЕД-светилката автоматски се пали кога ќе се
активира прекинувачот за вклучување/исклучување
! кога трепка ЛЕД-светилката, се активира
заштитата на батеријата (види подолу)
Заштита на батеријата
Алатот наеднаш се исклучува или не може да се
вклучи, кога
- товарот е преголем --> отстранете го товарот и
почнете повторно
- температурата на батеријата не е во рамките
на дозволениот опсег на работна температура
од -20 до +50°C --> 2 нивоата на индикаторот за
ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога ќе
го притиснете копчето M 8 c; почекајте батеријата
да се врати во рамките на дозволениот опсег на
работна температура
- батеријата е скоро празна (заштита од целосно
празнење) --> на индикаторот за нивото на
батеријата ќе се прикаже ниско ниво на батеријата
или ќе трепка за ниско ниво на батеријата 8 b
кога ќе притиснете на копчето M; наполнете ја
батеријата
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети
Менување додатоци q
! извадете ја батеријата од машината
- извадете/ставајте го потребниот додаток како што
е прикажано
- Кога лостот за стегање е вертикален на алатот,
може да се заврти за 360° за да се најде положба
во која попречната шипка може да се заглави во
жлебот по превртувањето. Шрафот за стегање со
дихтунг може да се разлабави или стегне само
кога попречната шипка на лостот за стегање е
заглавена во жлебот.
- проверете дали отворите на додатоците ќе се
наместат во јазичињата на главата на алатот
(можна е секоја позиција за заклучување)
- поставете го додатокот со притиснат центар
насочен надолу
- проверете дали додатокот е правилно поставен
(неправилно или недоволно затегнатите додатоци
се разлабавуваат во текот на работата и така
претставуваат опасност)
Поставување хартија за брусење w
- истресете ја прашината од ВЕЛКРО-материјалот
на подлошката за брусење E пред да ја ставите
хартијата за брусење
- поставете шмиргла за пескарење од ВЕЛКРО H
како што е прикажано
! навремено заменете ја истрошената брусна
хартија
! секогаш користете го алатот со целата
површина од ВЕЛКРО покриена со хартија за
брусење
Вклучено/Исклучено
- вклучувајте/исклучувајте го алатот со притискање
на прекинувачот C 2 во позициите "I"/"O"
! пред дополнителниот дел да го допре делот за
работа, алатот мора да работи со полна брзина
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
Прилагодување на работната брзина e
- со тркалото D може да се прилагодување
потребната осцилирачка фреквенција од најмала
(1) до голема (6) (дури и кога алатот работи)
- оптималната работна брзина зависи од
материјалот и може да се одреди преку практични
проби
Држење и насочување на алатот
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја r
- отворите за ладење K држете ги отворени
- не применувајте премногу притисок врз
алатот (прекумерниот притисок ќе предизвика
прекумерно загревање и може да го скрати
периодот за употреба на додатокот)
- Додадок за прилагодување на длабочината
(ГРАНИЧНИК НА ДЛАБОЧИНАТА) t
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
За оптимални резултати со различни материјали,
употребувајте ја табелата y како референца за
одредување на точниот додатен дел (вклучувајќи ги
и нестандардните додатни делови)
За повеќе информации видете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
Алатот секогаш да се одржува чист (особено
отворите за ладење K 2 )
117

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

3622 ca