Содржина
Важно____________________________________________________________________________________
Рециклирање ____________________________________________________________________________
Гаранција и поддршка____________________________________________________________________
Вовед ____________________________________________________________________________________
Општ опис _______________________________________________________________________________
Пред првото користење __________________________________________________________________
Подготовки пред прва употреба __________________________________________________________
Користење на апаратот___________________________________________________________________
Чистење__________________________________________________________________________________
Складирање______________________________________________________________________________
Решавање проблеми _____________________________________________________________________
Важно
Опасност
Предупредување
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите
апаратот и зачувајте ги за во иднина.
-
Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински
шпорет, каков било електричен шпорет и електрични грејни плочи или
во загреана рерна.
-
Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете
под чешма.
-
За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга
течност во апаратот.
-
Состојките за пржење секогаш ставајте ги во садот за да не дојдат во
допир со грејните елементи.
-
Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека
работи апаратот.
-
Немојте да го полните садот со масло бидејќи тоа може да предизвика
пожар.
-
Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за
напојување или самиот апарат.
-
Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот додека
работи.
-
Никогаш немојте да ставате количина на храна што го надминува
максималното ниво означено во садот.
-
Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има заглавено
храна во грејачот.
-
Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или други лица со слични
квалификации за да се избегне опасност.
-
Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер, заштитен со
земјоспојно реле.
371
Македонски
371
373
374
374
374
374
374
375
381
383
383