Descargar Imprimir esta página

Philips NA230 Manual Del Usuario página 380

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 74
382
Македонски
Совет
-
Извадете го садот за да овозможите побрзо ладење на Airfryer.
2 Ставете ја решетката за пржење во садот.
3 Исфрлете ги маснотиите или маслото од дното на садот.
4 Исперете ги садот и решетката за пржење во машина за садови. Можете
да ги исчистите и со топла вода, течност за миење садови и неабразивен
сунѓер (погледнете во „Табела за чистење").
Совет
-
Ако остатоци од храна се залепат на садот или решетката за пржење,
можете да ги потопите во врела вода и течност за миење садови
10-15 минути. Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го
олеснува нивното отстранување. Користете течност за миење садови
што може да ги раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од
маснотии на садот или решетката за пржење и не сте можеле да ги
отстраните со врела вода и течност за миење садови, користете течен
одмастувач.
-
Доколку е потребно, остатоците од храна залепени на грејниот
елемент може да се отстранат со четка со меки до средни влакна. Не
користете четка со челична жица или четка со тврди влакна бидејќи
тоа може да го оштети грејниот елемент.
5 За да избегнете гребнатинки, нежно избришете го надворешниот дел на
апаратот со неистуткана, чиста и мека крпа. Започнете со малку
навлажнета крпа и продолжете со сува, ако е потребно.
6 Исчистете го грејниот елемент со четка за чистење за да ги отстраните
сите остатоци од храна.
7 Исчистете ја внатрешноста на апаратот со врела вода и неабразивен
сунѓер.

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Na231Na230/09Na231/00Na230/00