OBJ_BUCH-907-005.book Page 135 Monday, July 4, 2016 2:41 PM
Прицврстете со универзален држач (опрема)
(види слика D)
Со помош на универзален држач 19 може да го
прицврстите мерниот уред напр. на вертикални површини,
цевки или магнетизирани материјали. Универзалниот
држач и исто така погоден и како поден статив и го олеснува
подесувањето по висина на мерниот уред.
Работење со мерна плоча (опрема) (види слики A–B)
Со помош на мерната плоча 16 ознаката од ласерот може
да ја пренесете на подот, одн. висината на ласерот да ја
пренесете на ѕид.
Со нулта-полето и скалата може да го измерите отстапу-
вањето кон саканата висина и повторно да го пренесете на
друго место. На тој начин отпаѓа точното подесување на
мерниот уред на висината на која треба да се пренесе.
Мерната плоча 16 има рефлектирачки слој, кој ја
подобрува видливоста на ласерскиот зрак на големи
растојанија одн. при јаки сончеви зраци. Зајакнувањето
на осветлувањето може да се препознае само кога гледате
паралелно кон ласерскиот зрак на мерната плоча.
Работење со ласерски приемник (опрема)
(види слика D)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина,
директни сончеви зраци) и на големи растојанија за
подобро наоѓање на ласерската линија користете го
ласерскиот приемник 17. При работата со ласерски
приемник користете ја импулсната функција (види
„Импулсна функција", страна 132).
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за
окото.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро препозна-
вање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од
ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препозна-
вањето на бои.
Примери за работа (види слики C–H)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе
најдете на графичките страници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во
испорачаната заштитна ташна.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Bosch Power Tools
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на
ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред
во заштитната ташна 18.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне
доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве моли-
ме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата
плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната
канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU мерните уреди што се вон
употреба и дефектните или искористените
батерии според регулативата 2006/66/EC
мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Linijski laser
Morate da pročitate i obratite pažnju na sva
uputstva kako biste sa altom radili bez
opasnosti i bezbedno. Ako merni alat ne
upotrebljavate u skladu sa priloženim
uputstvima, možete da ugrozite zaštitne
mere koje su integrisane u merni alat. Nemojte da dozvo-
lite da pločice sa upozorenjima budu nerazumljive.
DOBRO SAČUVAJTE OVO UPUTSTVO I PREDAJTE GA
ZAJEDNO SA ALATOM, AKO GA PROSLEĐUJETE DALJE.
Srpski | 135
1 609 92A 1YU | (4.7.16)