MK
команди и правилното
користење на уредот.
■
Никогаш не им дозволувајте
на деца или на други лица
коишто не го познаваат
работното упатство да ја
користат косачката за трева.
■
Децата би требало да
бидат надгледувани да
не си играат со уредот.
■
Деца не смеат да го
чистат или да го
одржуваат уредот.
■
Локалните законски
прописи ја одредуваат
минималната возраст на
корисникот.
■
Овој уред може да го
користат лица со намалени
физички, сетилни или
ментални способности или
со недостаток на искуство и
знаење, само доколку се
под надзор или биле
упатени во користењето на
апаратот на безбеден начин
и доколку ги разбираат
можните опасности.
■
Никогаш не косете кога во
близина се наоѓаат луѓе,
пред сè деца, или животни.
■
Помислете на тоа дека
корисникот е одговорен за
несреќните случаи со други
440
лица или нивната
сопственост.
■
Уредот да не се користи под
дејство на алкохол, дроги
или лекови.
3.1.2 Подготвителни мерки
■
При работа со уредот
секогаш носете тврди чевли
и долги панталони. Никогаш
не го користете уредот со
голи нозе или во лесни
сандали. Избегнувајте
носење на лабава облека
или облека со висечки врвки
или каиши.
■
Проверете го теренот на
којшто ќе се користи уредот
и отстранете ги сите
предмети коишто може да
ги зафати и отфрли уредот.
■
Пред користењето на
уредот проверете дали се
истрошени или оштетени
ножот за сечење,
шрафовите за
прицврстување и целата
единица за сечење.
Истрошените или
оштетените ножеви за
сечење и шрафовите за
прицврстување смеат да се
заменуваат само во сетови
за да се спречи
неурамнотеженост.
Истрошените или
Безбедносни напомени