Подготовка За Работа; Подесување На Хоризонталниот Агол На Закосување - Bosch GCM 12 GDL Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCM 12 GDL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 62
OBJ_BUCH-1360-005.book Page 366 Wednesday, December 21, 2016 1:10 PM
366 | Македонски
Деблокада на лизгачката рачка (види слика B1)
По деблокадата на лизгачката рачка 28 комплетниот
лизгачки механизам е подготвен за работа.
– Притиснете го затегнувачкиот лост 26 надолу до крај.
Затегнувачкиот клин на затегнувачкиот лост ги
ослободува двата долни дела на зглобот на лизгачката
рачка.
Осигурување на лизгачката рачка (види слика B2)
Лизгачката рачка е поместена сосема наназад:
– Притиснете ја лизгачката рачка 28 наназад до крај.
Двата горни дела на зглобот на лизгачката рачка сега се
во исправена позиција и затворени.
– Повлечете го затегнувачкиот лост 26 нагоре додека
затегнувачкиот клин не се позиционира помеѓу двата
долни дела на зглобот на лизгачката рачка.
На тој начин ќе се блокира наназад поместената
лизгачка рачка 28.
Лизгачката рачка е повлечена сосема нанапред:
– Повлечете ја лизгачката рачка 28 до крај нанапред.
Сега лизгачкиот механизам е комплетно извлечен.
– Повлечете го затегнувачкиот лост 26 нагоре додека
затегнувачкиот клин не се позиционира помеѓу двата
долни дела на зглобот на лизгачката рачка.
На тој начин ќе се блокира нанапред поместената
лизгачка рачка 28.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика C)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на десната и левата
страна со помош на продолжетоците 11.
– Преклопете го затегнувачкиот лост 51 навнатре.
– Повлечете го продолжетокот на масата за пила 11 до
посакуваната должина нанадвор (максимум 250 mm).
– За фиксирање на продолжетокот на масата за пила
повторно притиснете го затегнувачкиот лост 51
нанадвор.
Продолжување на граничните водилки (види слика D)
При вертикални агли на закосување мора да ги поместите
продолжетоците на граничните водилки 9.
– Свртете го затегнувачкиот лост 52 нанапред.
– Повлечете го продолжетокот на граничните водилки 9
сосема нанадвор.
– За фиксирање на подесливата гранична водилка
повторно притиснете го затегнувачкиот лост 52
наназад.
Вадење на подесливата гранична водилка
(види слика E)
При екстремно вертикални агли на закосување мора
целосно да ги извадите продолжетоците на граничните
водилки 9.
– Свртете го завршниот лим 53 нанадвор.
– Свртете го затегнувачкиот лост 52 нанапред.
1 609 92A 2P3 | (21.12.16)
– Повлечете го продолжетокот на граничните водилки 9
сосема нанадвор.
– Подигнете го продолжетокот на граничните водилки до
крај нанадвор.
Подесување на придушувањето на лизгачката рачка
(види слика F)
Лизгачкиот механизам на лизгачката рачка 28 е фабрички
подесен и не е придушен при испораката на електричниот
апарат.
Придушувањето на лизгачкиот механизам може
индивидуално да го подесите на придушувачот 54:
тврдо – контролирани работни движења;
меко – брзо сечење со пилата.
– Олабавете ги двете завртки за подесување 55 со
внатрешен шестаголен клуч (4 mm) 20 за помеко
придушување
или
затегнете ги цврсто двете завртки за подесување 55 за
потврдо придушување.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика G)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува спроти
граничната водилка 10.
– Вметнете ја столарската стега 22 во отворите
предвидени за таа намена 56.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 57 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
прачката со навој 58.
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 371).
 Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 15
пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се
заглави во делот што се обработува.
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика H)
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, на масата за пила има жлебови 18:
лево
15°; 22,5°; 31,6°; 45°
15°; 22,5°; 31,6°; 45°; 60°
– Отпуштете го копчето за фиксирање 15, доколку е
затегнато.
десно
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido