OBJ_BUCH-2992-001.book Page 94 Thursday, December 8, 2016 10:51 AM
94 | Македонски
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на вшмукувачот,
извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење на филтерската единица (види слики E1–E3)
– Притиснете на копчето за отклучување 8 и извлечете го
садот за прав 9 од всисувачот.
– Извадете го филтерот за ткаенини 21 заедно со корпата
за филтер и исчеткајте го филтерот за ткаенини со мека
четка.
– Фатете го плоснатиот набран филтер 22 за мрежата и
извадете го заедно со корпата за филтер.
Исчеткајте го плоснатиот набран филтер со мека четка
или исплакнете го под млаз вода и потоа оставете го
добро да се исуши.
– Повторно вметнете го исчистениот филтер и притоа
внимавајте добро да легне.
Чистење на комората за прав
– Од време на време избришете го садот за прав 9 со
комерцијален, неабразивен детергент и потоа оставете
го добро да се исуши.
Чистење на трајниот филтер (види слика F)
Од време на време исчистете го трајниот филтер 24, за да
го одржите оптималниот перформанс на всисувачот.
– Отворете го капакот за издувен воздух 23 и извадете го
трајниот филтер 24.
– Исплакнете го трајниот филтер 24 под млаз вода и
потоа добро исушете го.
– Повторно вметнете го исчистениот филтер и притоа
внимавајте добро да легне. Повторно затворете го
капакот за издувен воздух.
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на вшмукување:
– Дали цревниот систем е запушен?
– Дали филтрите се запушени со прав?
– Дали е полна комората за прав 9?
– Дали е полна вреќичката за прав 18?
При прегревање всисувачот се исклучува. Постапете на
следниот начин:
– Оставете го всисувачот 60 min да се олади.
– Извлечете го приклучокот од приклучницата и
повторно вметнете го назад.
– Бидете сигурни, дека садот 9 и ќесата за прав 18 се
празни и дека цревото за всисување 10, филтерот
21/22 и трајниот филтер 24 не се затнати.
Редовното празнење гарантира оптимална јачина на
вшмукување.
1 609 92A 3FG | (8.12.16)
Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина
на вшмукување, однесете го вшмукувачот во сервисната
служба.
Чување (види слика G)
– Отворете ги еластичните траки на држачот на цревото
за всисување 1 и ставете го цревото за всисување 10 на
всисувачот.
Повторно закачете ги еластичните ленти.
– Ставете ја опремата за всисување во држачот на
всисувачот предвиден за таа намена 6.
– Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел 3.
– Носете го вшмукувачот само за рачката за носење 5.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Вшмукувачот, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не го фрлајте вшмукувачот во домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/ЕУ за електрични и електронски
уреди и нивна национална употреба,
всисувачите што се вон употреба мора
одделно да се собираат и да се
рециклираат на еколошки прифатлив
начин.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools