Bosch GST 160 CE Professional Manual Original página 133

Ocultar thumbs Ver también para GST 160 CE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 21
OBJ_BUCH-2000-002.book Page 133 Wednesday, June 26, 2013 11:24 AM
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
 Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
 Листот за пилата не треба да биде подолг отколку
што е потребно за предвидениот рез. За сечење на
тесни криви линии користете тесен лист пила.
 При исфрлањето на листот за пила, држете го
електричниот апарат на тој начин што нема да биде
во близина на лица или животни кои би можеле да се
повредат од исфрлениот лист пила.
 Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вш-
мукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на елек-
тричниот уред. Електричните апарати означени со
230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
 За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Bosch Power Tools
 Заштитата од рестартирање го спречува неконтро-
лираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја. За повторно вклучување прекинува-
чот за вклучување/исклучување ставете го во положба
Исклучено и одново вклучете го електричниот апарат.
 Заштитниот држач на куќиштето (види слика 15,
страна 192) го спречува случајното допирање на
листот за пилата за време на работниот процес и
истиот не смее да се вади.
 Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела
како на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има,
отстранете ги.
 Доколку сечете со пила за вдлабнување користете
само меки материјали како дрво, гипс картон и сл.
За пилата за вдлабнување користете само кратки
листови за пила.
 Металната заштитна папуча го спречува гребењето
на пластичната основна плоча, пред сè при сечење
на метал.
 Поставките на вашиот електричен апарат
прилагодете и соодветно на употребата. На пр. при
обработка на метал или при тесни криви резови
намалете го бројот на удари и осцилации.
 Доколку обработувате мали или тенки делови
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (Опрема).
 При екстремни услови на примена, доколку е воз-
можно користете секогаш уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и
приклучете заштитен прекинувач за диференци-
јална струја-(FI-). При обработка на метали, во
внатрешноста на електричниот апарат може да се
собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот апарат.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упа-
тството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви по-
мага подобро и побезбедно да го користите електричниот
апарат.
Ознака
Значење
GST 160 CE: Убодна пила со
константна електроника
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
GST 160 BCE: Убодна пила со
константна електроника и дршка
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Македонски | 133
2 609 932 883 | (26.6.13)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido