Makita DML811 Manual De Instrucciones página 128

Linterna de trabajo inalámbrica
Ocultar thumbs Ver también para DML811:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 29
13. Изворот на светлина што се содржи во светилкава
треба да го замени само производителот или
неговиот агент за сервис, или, пак, лице со слични
квалификации.
14. Не оставајте го кабелот за напојување исклучен од
уредот додека се напојува од штекер. Тоа може да
предизвика струен удар.
15. Не дозволувајте ништо да ги покрие или да ги
заглави отворите на уредот. За ладење, секогаш
одржувајте ги чисти отворите на уредот.
Користење и грижа за уредот на
батерии
1. Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба
пред поврзување со батеријата, подигање или
носење на уредот. Носењето на уредот со прстот
на прекинувачот или приклучувањето на уредот
во извор на електрична енергија со вклучен
прекинувач се причина за несреќи.
2. Извадете ја батеријата од уредот пред
вршење нагодувања, промена на додатоци
или складирање на уредот. Овие превентивни
безбедносни мерки го намалуваат ризикот од
случајно стартување на уредот.
3. Полнете само со полначот одреден од страна на
производителот. Полнач што е соодветен за еден
тип батерија може да создаде ризик од пожар кога
се користи со друга батерија.
4. Користете ги уредите само со конкретно
наменетите батерии. Користењето други батерии
може да создаде ризик од повреда и пожар.
5. Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети, како што се
спојувалки, монети, клучеви, шрафови или други
мали метални предмети што можат да послужат
како врска од еден на друг приклучок. Краткиот
спој на батериските приклучоци може да доведе
до изгореници или пожар.
6. При неправилна употреба, од батеријата може
да истече течност. Избегнувајте контакт со неа.
Ако дојде до ненамерен контакт, измијте со вода.
Ако течноста дојде во допир со очите, побарајте
дополнителна медицинска помош. Течноста
што истекла од батеријата може да предизвика
иритација или изгореници.
7. Не користете батерија или уред што се оштетени
или менувани. Оштетените или менуваните
батерии може да прикажуваат непредвидливо
однесување што резултира со оган, експлозија или
опасност од повреда.
8. Не изложувајте ги батеријата или уредот на оган
или прекумерна температура. Изложувањето
на оган или температура над 130°C може да
предизвика експлозија.
9. Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете ги батериите или уредот надвор од
температурниот опсег наведен во упатството.
Неправилното менување или менувањето на
температури надвор од наведениот опсег може
да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста
од оган.
128
10. Сервисирањето треба да се врши кај
квалификувано лице за поправки кое користи
само идентични резервни делови. Така ќе
бидете сигурни дека се одржува безбедноста на
производот.
11. Не модификувајте ги, ниту обидувајте се да ги
поправате уредот или батеријата, освен како што
е наведено во упатството за користење и грижа.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1. Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки за
претпазливост на (1) полначот за батеријата,
(2) батеријата и (3) производот што ја користи
батеријата.
2. Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
3. Ако оперативното времето станало прекумерно
кратко, престанете веднаш со работа. Тоа може
да резултира со ризик од прегревање, можни
изгореници, па дури и експлозија.
4. Ако електролит навлезе во вашите очи, измијте
ги со чиста вода и побарајте медицинска нега
веднаш. Тоа може да резултира со губење на
вашиот вид.
5. Не предизвикувајте спој на касетата за батеријата:
(1) Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2) Избегнувајте да ја чувате касетата за батерија
во сад со други метални предмети како што се
шајки, монети итн.
(3) Не изложувајте ја касетата за батеријата на
вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да предизвика
голем проток на електрична енергија, прегревање,
можни изгореници, па дури и пад на напојувањето.
6. Не складирајте ги уредот и касетата за батеријата
на места каде што температурата може да
достигне или надминува 50 °C (122 °F).
7. Не палете ја касетата за батеријата дури и кога е
многу оштетена или целосно потрошена. Касетата
за батеријата може да експлодира ако се стави
во оган.
8. Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9. Не користете оштетена батерија.
10. Содржаните батерии со литиумови јони се
подложни на условите во Правилата за опасни
предмети. За комерцијален транспорт, на пр.
од трети лица и посредници, мора да се следат
посебните услови на пакувањата или ознаките.
При подготовка на предметот кој треба да се
испрати, консултирајте се со експерт за опасни
материјали. Исто така, следете ги потенцијално
подеталните национални правила. Залепете ги
со леплива лента или маскирајте ги отворените
контакти, а батеријата спакувајте ја, така што нема
да се движи слободно во пакувањето.
11. Кога ја фрлате во отпад касетата за батеријата,
извадете ја од алатот и фрлете ја на безбедно
место. Почитувајте ги локалните законски прописи
што се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido