12. Користете ги батериите само со производите
назначени од Makita. Монтирањето батерии на
неусогласените производи може да резултира
со пожар, прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролитот.
13. Доколку алатот не се користи подолг временски
период, батеријата мора да се извади од алатот.
Совети за одржување максимален
работен век на батеријата
1. Заменете ја касетата за батеријата пред целосно
да се испразни.
Секогаш запирајте ја работата со уредот и
заменете ја касетата за батеријата кога ќе
забележите дека уредот дава помала моќност.
2. Никогаш немојте да полните целосно полна касета
за батерија. Прекумерното полнење го скратува
работниот век на батеријата.
3. Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C (50 °F - 104 °F).
Дозволете загреаната касета за батерија да се
олади пред да ја ставите на полнење.
4. Полнете ја касетата за батеријата доколку не ја
користите подолго време (повеќе од шест месеци).
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
• Пред секое нагодување или проверка на уредот,
секогаш проверувајте дали е исклучен, изваден од
приклучокот и касетата за батеријата е извадена.
Користење со батерија:
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш вадете од приклучокот пред да ја
монтирате или отстраните касетата за батеријата.
• Користете само оригинални литиум-јонски батерии
на Makita. Користењето неоригинални батерии
на Makita или батерии што се изменети може
да резултира со распукување на батеријата,
предизвикувајќи пожар, телесна повреда и
оштетување. Тоа исто така ќе ја поништи
гаранцијата на Makita за алатот и полначот на
Makita.
• Држете ги уредот и касетата за батеријата
цврсто кога ја монтирате или вадите касетата за
батеријата.
Ако не ги држите цврсто уредот и касетата за
батеријата, тие може да се лизнат од вашите раце
и да дојде до нивно оштетување, како и до телесна
повреда.
• Внимавајте да не ги заглавите прстите помеѓу
уредот или касетата за батеријата кога се полни
касетата за батеријата, како ни помеѓу уредот и
капакот на батеријата кога се затвора капакот на
батеријата.
За да ја монтирате касетата за батеријата, прво
ослободете ја бравата на капакот и отворете го
капакот на батеријата. (Сл. 1)
Вметнете ја касетата за батерија. Порамнете го
јазичето на касетата за батеријата со жлебот во
куќиштето и лизнете ја во место. Вметнете ја докрај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
звук. Ако можете да го видите црвениот индикатор
на горната страна од копчето, тоа значи дека не е
целосно блокирана во место. Потоа затворете го
капакот на батеријата. (Сл. 2)
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш монтирајте ја касетата за батеријата на
целосно нејзиното место. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од уредот, предизвикувајќи
ви повреда вам или на некој друг околу вас.
• Немојте да ја монтирате касетата за батеријата на
сила. Ако касетата не може да се лизне лесно, тоа
значи дека не е поставена правилно.
Укажување на преостанатиот капацитет
на батеријата (Сл. 3)
(Само за батерии со индикатор)
Притиснете го копчето за проверка на касетата за
батеријата за укажување на преостанатиот капацитет
на батеријата. Индикаторските ламбички светнуваат
неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено Исклучено
ЗАБЕЛЕШКА:
• Во зависност од условите на користење и
амбиенталната температура, индикацијата може да
се разликува во мала мера од реалниот капацитет.
Преостанат
капацитет
Трепка
од 75% до 100%
од 50% до 75%
од 25% до 50%
од 0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата можеби
е неисправна.
129