Makita DML811 Manual De Instrucciones página 130

Linterna de trabajo inalámbrica
Ocultar thumbs Ver también para DML811:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 29
Користењето батерии што не се оригинални
Makita или батерии што се изменети ќе ја поништи
гаранцијата на Makita за уредот и полначот на Makita.
Користење со напојување со двонасочна струја:
Кога го користите уредот со напојување со
двонасочна струја, користете го кабелот за
напојување што се доставува со уредот. Вметнете го
женскиот приклучок и поврзете го машкиот приклучок
во штекер. (Сл. 4)
ВНИМАНИЕ:
• Прво целосно вметнете го женскиот приклучок,
потоа поврзете го машкиот приклучок во штекер.
• Секогаш затворајте го капакот за штекерот цврсто
кога кабелот за напојување не е приклучен.
ЗАБЕЛЕШКА: Напојувањето со двонасочна струја не
ја полни батеријата што е вметната во уредот.
ЗАБЕЛЕШКА: Дури и кога работи со напојување со
еднонасочна струја, уредот автоматски се менува во
напојување со двонасочна струја кога е приклучен
кабелот за напојување.
Организирање на кабелот за напојување:
Намотајте го кабелот за напојување на држачот,
а потоа спојте го крајот на кабелот користејќи го
прикачениот прицврстувач. (Сл. 5)
Вклучување на ламбичката и избор на режимот на
осветлување (Сл. 6)
1. Прекинувач: Притиснете го прекинувачот
еднаш, ламбичката се вклучува (Во ист режим на
осветлување како кај последната поставка). Повторно
притиснете го прекинувачот, ламбичката се исклучува.
2. Избор на режимот на осветлување: Секвенцата на
осветлувањето е: Висок режим/Среден режим/Низок
режим/Висок режим за секое притиснување кога
ламбичката е вклучена.
Систем за заштита на батеријата (Сл. 7)
Уредот е опремен со систем за заштита на батеријата
за да се продолжи работниот век на батеријата. Кога
батеријата ќе дојде на ниско ниво, LED-ламбичките
се гасат, освен еден LED, како што е прикажано на
сликата. Потоа, приближно пет до десет минути
подоцна, системот автоматски го прекинува
напојувањето.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш ставувајте го уредот на рамна и стабилна
површина. Во спротивно, може да дојде до несреќа
од паѓањето.
Нагодување на аголот на светлото
(Сл. 8)
Олабавете ги копчињата на двете страни. Нагодете
го аголот на светлото (опсегот на нагодување е 240°).
Потоа повторно стегнете ги копчињата.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не ги заглавите прстите кога го
нагодувате аголот на светлото.
130
Употреба со статив (опционални
додатоци)
ВНИМАНИЕ:
• Внимателно прочитајте ги упатствата за употреба
на додатоците пред да ги користите со ламбичката.
Може да ја ставите ламбичката на стативот за да ја
олесните работата. (Сл. 9)
ВНИМАНИЕ:
• Внимавајте да не го испуштите уредот кога ќе го
прикачите на стативот.
• Поставувајте го уредот на рамна и стабилна
површина за да се спречи паѓање.
• Раширете ги ногарките на стативот до максимум.
• Не користете го стативот ако ветерот е силен.
• Осигурете се дека уредот е безбедно прикачен на
стативот.
• Извадете го уредот кога го носите стативот или кога
ги превиткувате ногарките на стативот.
• Внимавајте да не ја фатите раката во ногарките на
стативот кога го затворате.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Пред секоја проверка или одржување, секогаш
проверувајте дали уредот е исклучен и касетата за
батеријата е извадена.
• За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие средства ја
вадат бојата и може да предизвикаат деформации
или пукнатини.
Само оние работи за одржување кои се опишани во
ова упатство смее да бидат извршувани од страна на
корисникот. Сите други работи мора да се извршуваат
од страна на овластени сервисни центри на Makita.
Чистење
ВНИМАНИЕ:
• Не мијте го уредот во вода.
Од време на време бришете ја надворешноста
(телото на уредот) на уредот со помош на крпа
натопена во вода со сапуница.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
• Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со уредот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од телесни
повреди. Користете ги приборот и додатоците само
за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
• Оригинална батерија и полнач на Makita
• Статив [Бр. на делот: GM00002073]
ЗАБЕЛЕШКА:
• Некои ставки на листата може да се вклучени со
пакетот со уреди како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido