Пуштање Во Работа - Ferm BGM1003 Traducción Del Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Вертикално поставување на брусна хартија
За поголема флексибилност на брусната
хартија таа може да се користи од долната
страна, зашто таму не се наоѓа вртлива
плоча. За лесно приоѓање до долната страна,
брусната лента може да се постави во
вертикална положба.
• Одвртите ги двете навртки од предната
страна на машината, околу вретеното на
левиот валјак, со помош на клуч.
• Притиснете ја брусната лента во сакана
положба.
• Стегнете ги двете завртки.
• Работното парче сега може да се постави
врз работната површина, наместо врз
брусната лента;
• Работната маса, која се користи за брусен
диск, сега може да се турне со вратилото во
отворот од рамката, од левата страна од
машината.
• Стегнете ги завртките од задната страна на
машината.
• Работната маса сега може да се користи
како потпирач на парчето кое се бруси со
брусна лената.
4. Пуштање во работа
Секогаш да стоите пред машината,
така да имате добар преглед
(сл. 1, А1 + А2).
Вклучување и исклучување
• Притиснете го прекинувачот во положба „1",
за да ја вклучите машината.
• За исклучување на машината, притиснете
го истиот прекинувач во положба „0".
• Чувајте го кабелот подалеку од подвижните
делови на машината.
• Не треба да се притиска работното парче,
зашто тоа само ја забавува брзината на
дискот за брусење.
Брусење
Брусната лента, испорачана со машината за
брусење, е погодна за брусење на метал, дрво
или синтетички површини. Работното парче
секогаш цврсто да се придржува додека се
бруси. Не е потребен дополнителен притисок.
Водете го работното парче нагоре и надолу
преку брусната лента, за да се избегне
трошење на лентата и плочата само на едно
место. Кружни предмети можат да се брусат на
крајот на брусната лента. Работа парчиња кои
се подолги од машината, можат да се брусат
со отстранување на потпирачот.
Напомена: За да се спречи поткршување,
дрвото секогаш да се бруси по должина на
влакната.
За обработка на многу мекани површини,
постои многу корисен метод, да се „направат
нерамни делови на површината". Ова се
прави на следниот начин: влажна, што туку
избрусена површина се навлажнува со крпа
или сунѓер и добро нека се исуши. Некои
дрвени влакна ќе се надујат повеќе од другите,
што доведува до огрубување на површината.
Сега се третираат високите делови, со
помош на фина брусна хартија, а резултатот
е неверојатно мазна површина. Овој метод
не треба да се применува кај лакирано дрво,
зашто може да се изгуби лакот поради влагата.
5. Одржување
Уверете се дека машината е
исклучена кога го одржувате
моторот.
Оваа машина е конструирана да работи
долг период со минимално одржување.
Непрекинатото успешно работење зависи од
грижата на машината и редовното чистење.
Дефект
Подолу наведовме голем број на причини
и соодветните решенија ако машината не
функционира како што треба:
Електромоторот станува жежок
• Жлебовите за вентилација на моторот се
затнати со нечистотија.
• Исчистете ги жлебовите за
вентилација.
• Моторот е дефектен..
• Однесте ја машината на поправање/
проверете ја кај вашиот локален
продавач.
MK
83

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido