Milwaukee M18 FMS254 Manual Original página 120

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 44
Не ја затегнувајте вртливата заштита.
Долгите парчиња мораат да бидат соодветно потпирани.
Рачното заклучување мора секогаш да биде во функција при
транспорт на пилата за сечење.
При спојувањето на цевките под прав агол, под наклон или
комбинирани агли под прав агол, подесете ја лизгачката
ограда, за да обезбедите правилно минување на ножот.
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го
прегревањето на забчаниците, а при сечењето на пластични
материи избегнете го топењето на материјалот.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Пилата за отсекување се употребува за пилење масивно дрво,
залепени дрва како и за материјали слични на дрво и пластика.
Предмети со кружен или нерамномерен пресек (на пример
огревно дрво) не смеат да се пилат, бидејќи при пилење не
можат да се држат сигурно. При аголно пилење рамни предмети
мора да се употребува соодветен помошен аншлаг со цел за
безбедно водење.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да
се појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора
да обрати внимание на следново:
• За да се спречи оштетувањето на слухот мора да се
ограничи времето на експозиција и да се носи соодветна
заштита за слух.
• Корисникот треба да превземе мерки за да го редуцира
влијанието на вибрациите и за да го ограничи времето на
експозиција.
• Треба да се носи маска за заштита на дишењето за да се
избегнат ризици по здравјето кои што можат да настанат со
вдишување на правот од пилењето.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде
до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет
е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење
трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
ОДРЖУВАЊЕ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Уверете се дека алатката е исклучена од напојување пред да го
прикачите или отстраните сечилото.
Заменете ја изабаната подлога за маса.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.
Македонски
117
Mak

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

M18 fms254-04933451729

Tabla de contenido