Инфрацрвен-термометар
– дозволена околна температура при складирање со батерија
Препорачани акумулаторски батерии
Препорачани полначи
A) Додадено отстапување во зависност од користењето (на пр., рефлексија, растојание, околна температура)
B) При околна температура од +20 °C ... +23 °C, степен на емисија од > 0,999, мерно растојание од 0,3 m, апертура од 60 mm
C) При околна температура од +15 °C ... +40 °C
D) Податоци во согласност со VDI/VDE 3511 лист 4.3 (датум на објава јули 2005); важи за 90 % од мерниот сигнал.
Во сите подрачја, надвор од прикажаните големини во Технички податоци, може да дојде до отстапувања на мерните резултати.
E) Се однесува на инфрацрвено мерење, погледнете го графичкиот приказ:
F) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
G) во зависност од употребената батерија
H) Кај Bluetooth® Low-Energy уредите, во зависност од моделот и оперативниот систем не е возможно воспоставување на врската.
Bluetooth® уредите мора да поддржуваат SPP профил.
За јасна идентификација на Вашиот мерен уред служи серискиот број (6) на спецификационата плочка.
Монтажа
Снабдување со енергија на мерниот уред
Мерниот уред може да се користи или со обични батерии
или со литиум-јонски батерии од Bosch.
Работење со батерии (види слика B)
Батериите се ставаат во батерискиот адаптер.
Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за
u
предвидените мерни уреди на Bosch и не смее да
се користи со електрични алати.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Ако не го користите мерниот уред подолго време,
u
извадете ги батериите. При подолго складирање во
мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Работење со батерија (види слика C)
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија што
се користи за Вашиот мерен уред.
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот мерен уред може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да обезбедите максимален капацитет на
батеријата, пред првата употреба наполнете ја целосно.
Bosch Power Tools
1 m
2 m
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
u
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
u
температури или температурни осцилации. На пр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи температурни осцилации, оставете го мерниот
уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или
температурни осцилации, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
Внимавајте на правилната аклиматизација на
u
мерниот уред. При големи температурни осцилации
времето на аклиматизација може да изнесува
до 60 мин. Ова може на пример да се случи ако го
чувате мерниот уред во ладен автомобил и потоа
спроведувате мерење во топла зграда.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силните надворешни влијанија и при
девијации во функционалноста, мерниот уред треба да
се провери во овластена сервисна служба на Bosch.
Македонски | 285
GIS 1000 C
–20 °C ... +50 °C
GBA 10,8V...
GBA 12V...
GAL 12...
5 m
1 609 92A 4X3 | (21.12.2020)