Мерни Функции - Bosch GIS 1000 C Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GIS 1000 C Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 43
Напомени за мерните услови
Високо рефлектирачки, сјајни или транспарентни
површини (на пр. сјајни плочки, предници од
не'рѓосувачки челик или садови за готвење) може да го
попречат мерењето на температурата на површините. По
потреба, облепете ја мерната површина со темна, мат
леплива лента, којашто е добар спроводник на топлина.
Оставете ја лентата кратко да се темперира на
површината.
Во принцип, мерењето на транспарентни материјали не е
можно.
Поради тоа мерните резултати ќе бидат попрецизни и
посигурни доколку се подобри и постабилни мерните
услови.
Сензорот за влажност на воздухот и за околната
температура (5) може да се оштетат поради хемиски
штетни материи како на пр., испарувања на лакови и бои.
Инфрацрвеното мерење на температурата се попречува
поради чад, пареа или правлив воздух.
Затоа пред мерењето проветрете ја просторијата,
особено ако воздухот е загаден или има пареа. На пр. не
мерете во бањата веднаш по туширање.
По проветрувањето оставете ја просторијата да се
истемперира, додека не се постигне вообичаената
температура.
Околната температура и релативната влажност на
воздухот се мерат директно на мерниот уред со сензорот
за влажност на воздухот и сензорот за околна
температура (5). За да добиете уверливи резултати, не го
држете мерниот уред директно над или покрај извори на
пречки како греење или отворени течности. Во никој
случај не го покривајте сензорот (5).
При рефлектирачки површини внимавајте на поволниот
мерен агол, за да не се фалсификува резултатот поради
рефлектираното топлинско зрачење од другите објекти.
На пример, при вертикални мерења од предната страна,
рефлексијата на Вашата телесна топлина може да го
попречи мерењето.
Подесување на степенот за зумирање
Исечокот на сликата на екранот може да се прикаже за
тековните мерења како и при репродукција на зачувани
кадри од екранот во три различни степени на зумирање:
0,5 m, 2 m и 5 m.
Степените за зголемување се опитмални за соодветното
растојание помеѓу мерниот уред и мерниот објект: при
мерно растојание од 2 m, степенот на зумирање „2 m" го
репродуцира (типично) најдобриот исечок на сликата.
Моменталниот степен на зумирање ќе се појави на
приказот (d). За зголемување на степенот на зумирање
притиснете го копчето со стрелката за зголемување на
степенот на зумирање (16), за намалување, притиснете
го копчето со стрелката за намалување на степенот на
зумирање (13).
Поради паралаксата, мерните рамки (b) се совпаѓаат
само со мерниот опсег доколку избраниот степен на
зголемување одговара на реалното измерено растојание.
Bosch Power Tools
Осветлување на мерната површина
При мерење во темни подрачја, може да ги вклучите
светлата (24) за да го подобрите приказот на содржината
на екранот. Ова може да Ви помогне да постигнете
подобар резултат при зачувување на кадри од екранот.
За вклучување одн. исклучување на светлата (24),
притиснете го копчето (14).
Светлата ќе се изгасат автоматски заради заштеда на
енергија, доколку се намали јачината на осветлувањето
на екранот. Во менито <Времетр.на свет.> може да го
промените ова време на осветлување (види
„<Времетр.на свет.>", Страница 291). При повторно
вклучување на осветлувањето на екранот, светлата нема
да се вклучат автоматски.
Доколку состојбата на наполнетост на акумулаторот се
наоѓа во критични граници, светлата не стојат на
располагање поради заштеда на енергија.
Мерни функции
Менување помеѓу индивидуалните режими
Изберете го саканиот режим со копчињата со стрелки
десно (11) или лево (15) (режимот се прикажува со
кратко објаснување). За да го затскриете предвремено
објаснувањето, притиснете на копчето за
зачувување (9). За да го затскриете објаснувањето и
веднаш да започнете со мерење, притиснете на копчето
Мерење (4).
Режим на температура на површини
Во режимот на температура на површини се мери
температурата на површината на мерниот објект.
Во овој режим, може, на пр., да ги проверите грејните
тела или да ги барате прегреаните делови од машината.
Со притискање на копчето Мерење (4) започнува
мерењето. Прикажаните мерни вредности на екранот
постојано се ажурираат. Штом ќе го пуштите копчето
Мерење (4) мерењето ќе се прекине и ласерот ќе се
исклучи. На екранот ќе се фиксираат измерените
резултати на приказот (n). Последно измерената
температура на површината ќе се прикаже со
ознаката (p) на скалата со резултати (k).
Минималната и максималната вредност на температурата
на мерниот процес се појавуваат на приказот (j), доколку
разликата на измерените вредности е поголема од 3 °C.
На тој начин можете да препознаете колку е висока
моменталната измерена вредност во споредба со веќе
измерените температури.
Режим на топлински мостови
Мерниот уред може да Ви помогне во наоѓање на
топлинските мостови (види „Топлински мостови",
Страница 292).
Пред да започне мерењето, прво мора да се постави
надворешната температура. За да го направите тоа,
во <Глав.мени> отворете на (види „Навигирање
во <Глав.мени>", Страница 290). Изберете го
подменито <Топлински мостови> и поставете ја
Македонски | 287
1 609 92A 4X3 | (21.12.2020)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido