Dremel DSM20 Traducción De Las Instrucciones Originales página 138

Ocultar thumbs Ver también para DSM20:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 55
други течности за ладење може да предизвика
електричен шок.
ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ ПРЕДУПРЕДУВAЊА
Повратен удар е ненадејна реакција поради стегање
или заглавување на диск за сечење што се врти.
Стегањето или заглавувањето предизвикуваат нагло
запирање на вртливиот диск, што предизвикува
електричниот алат, ако не е контролиран, да биде
потиснат во насока спротивна од насоката на вртење
на дискот на местото на пречката.
На пример, ако брусната плоча се блокира или заглави
во некое работно парче, работ на брусната плоча која
се заглавила во работното парче може да се зарие во
површината на материјалот и да предизвика испаѓање
на плочата или повратен удар. Брусната плоча може
да отскокне кон или одкај лицето кое ракува со алатот,
зависно од правецот на вртење на брусната плоча
на местото на блокирање. Брусната плоча може и да
се искрши под вакви околности. Повратниот удар е
последица на погрешна употреба на електричниот алат
и/или неисправно работење или услови, и може да се
избегне ако се преземат соодветните долунаведени
мерки на претпазливост.
a. Електричниот алат држете го цврсто и Вашето
тело нека биде во положба во која е во состојба
да им се спротивстави на силите на повратниот
удар. Секогаш користете помошна дршка, ако
ја има, за да имате максимална контрола над
повратниот удар или реакцијата од вртежниот
момент во моментот на вклучувањето. Лицето
кое ракува со алатот може да ги контролира
реакциите од вртежниот момент или силите на
повратниот удар, ако преземе соодветни мерки
на претпазливост.
b. Никогаш не ставајте ги рацете близу до
вртливите додатоци. Додатокот може да се
одбие преку вашата рака.
c. Не поставувајте се во линија со вртливиот диск.
Повратниот удар го потиснува алатот во насока
спротивна на движењето на дискот на местото
на блокирањето.
d. Бидете посебно внимателни кога работите на
агли, остри рабови и сл. Избегнувајте одбивање
или блокирање на приборот. Аглите, острите
рабови или одбивањето на приборот доведуваат
до блокирање на ротациониот прибор и тоа
може да предизвика губење на контролата или
повратен удар.
e. Не ставајте синџир за пила, нож за резбање,
сегментиран дијамантски диск со периферен
процеп поголем од 10 mm или назабено сечило
на пила. Таквите продолжетоци честопати
предизвикуваат повратен удар и доведуваат до
губење на контролата.
f.
Избегнувајте да ја заглавувате плочата за
сечење или да применувате премногу голем
притисок. Не обидувајте се да правите премногу
длабоко сечење. Преоптоварувањето на
брусната плоча го зголемува напрегањето и
уште повеќе ја искривува или блокира плочата,
како и можноста за повратен удар или кршење на
плочата.
g. Ако дискот се заглави или ако од која било
причина престанете со сечење, исклучете го
електричниот алатот и држете го мирно сè
додека дискот за сечење не застане целосно.
Никогаш не обидувајте се да ја извадите плочата
за сечење од работното парче додека брусната
плоча сè уште се врти, бидејќи во спротивно
може да дојде до повратен удар. Проверете што
е причината за блокирањето и преземете мерки
за незино отстранување.
h. Немојте повторно да го вклучувате алатот за
сечење додека тој се наоѓа во работното парче.
Брусната плоча нека ја достигне својата полна
брзина и потоа внимателно продолжете со
сечењето. Брусната плоча може да се заглави,
да отскокне или да предизвика повратен удар
доколку алатот повторно се вклучи додека е на
работното парче.
i.
Потпрете ги плочите или големите работни
парчиња за да го намалите ризикот од
блокирање на брусната плоча и од повратен
удар. Големите работни парчиња можат да се
свиткаат под својата сопствена тежина. Мора
да се стават потпирки под работното парче во
близина на работ на работното парче од двете
страни на брусната плоча.
j.
Бидете посебно претпазливи кога правите
засечување во веќе постоечките ѕидови или во
некои други непрегледни подрачја. Плочите за
сечење можат да ги пресечат гасоводните или
водоводните цевки, електричните инсталации
или некои други предмети и така да предизвикаат
повратен удар.
НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО МАТЕРИЈАЛИ ШТО
!
СОДРЖАТ АЗБЕСТ (азбестот се смета за
канцероген)
ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ
!
НА РАБОТАТА СЕ СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е
ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО, ЗАПАЛЛИВА ИЛИ
ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат за
канцерогени); носете заштитна маска против прашина
и користете правосмукалка за отпадоци, ако може да
се приклучи
СПЕЦИФИКАЦИИ
Број на моделот . . . . . . . . . . . . . . DSM20
Влезна моќност . . . . . . . . . . . . . . . 710 W
Напон . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 220-240V~50/60Hz
Број на вртежи без
оптоварување . . . . . . . . . . . . . . . . . 17000/min
Макс. длабочина на сечење . . . . . 21,5 mm
Макс. пречник на додатокот ∅ . . . 77 mm тип 1
Отвор на дискот . . . . . . . . . . . . . . . 11 mm
Тежина . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 1,6 kg
Користете потполно одмотани и сигурни
продолжени кабли со капацитет од 5 ампера.
Секогаш проверете дали напонот е ист како напонот
што е наведен на плочката од алатот.
Овој алат е наменет за праволиниско сечење дрво,
пластика, метал, гипс-картон, иверица и плочки со
примена на применливи додатоци препорачани од
Dremel.
A. Копче за заклучување на вклучувањето
B. Прекинувач со крилце со функција за исклучување
C. Водилка за линија
D. Стапало
E. Стапало за отсекување
F. Забравување на вретеното
G. Отвори за вентилирање
H. Рачка за нагодување на длабочината
138
ОПШТО
6

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Productos relacionados para Dremel DSM20

Este manual también es adecuado para:

Dsm20-3/4Sm20

Tabla de contenido