Bosch 0 607 352 113 Manual Original página 202

Ocultar thumbs Ver también para 0 607 352 113:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 34
OBJ_BUCH-2005-001.book Page 201 Wednesday, August 28, 2013 8:57 AM
Вашата работа. Со соодветниот пневматски алат ќе
работите подобро и посигурно во зададениот домен на
работа.
 Не го користете пневматскиот алат, доколку има
дефектен прекинувач за вклучување/исклучување.
Пневматскиот алат кој повеќе не може да се вклучи или
исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се
поправи.
 Прекинете го напојувањето со воздух, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле алатот. Овие превентивни мерки го
спречуваат невнимателниот старт на пневматскиот
уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
пневматските алати кои не ги користите. Овој
пневматски алат не смее да го користат лица кои не
се запознаени со него или не ги имаат прочитано
овие упатства. Пневматските алати се опасни, доколку
ги користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо пневматските алати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот алат. Поправете ги оштетените делови
пред користењето на пневматскиот алат. Многу
несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните
пневматски алати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги пневматските алати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши. На тој
начин создавањето прав, вибрациите и создавањето
бучава ќе се намалат што е можно повеќе.
 Пневматскиот алат треба да се употребува и
подесува исклучиво од страна на квалификувани и
школувани корисници.
 Пневматскиот уред не смее да се модифицира.
Промените може да ја намалат делотворноста на
сигурносните мерки и да го зголемат ризикот за
корисниците.
Сервис
 Поправката на Вашиот пневматски алат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на пневматскиот алат.
Безбедносни упатства за пневматска аголна
брусилка
 Проверете дали е читлива спецификационата
плочка. Доколку не е, заменете ја кај производителот.
Bosch Power Tools
 Доколку се скрши делот што се обработува или еден
од деловите на опремата или пак пневматскиот
уред, деловите може да излетаат со голема брзина.
 При користење како и поправки или одржување,
како и при размена на делови од опремата на
пневматскиот алат секогаш треба да носите заштита
за очите отпорна на удари. Степенот на потребната
заштита треба да се процени посебно за секоја
поединечна примена.
 Уверете се, дека алатот за вметнување е
компатибилен со пнематскиот алат, одговара на
вретеното и секако дека е безбедно монтиран.
Видот и големината на навојот мора да се совпаѓаат
со пневматскиот алат. Алатите за вметнување, кои не
може точно да се прицврстат на пневматскиот алат, се
вртат нерамномерно, вибрираат многу силно и може да
доведат до губење на контролата.
 По секое одржување проверете го бројот на вртежи
со помош на уред за мерење на бројот на вртежи и
проверете дали пневматскиот алат има зголемени
вибрации.
 Дозволениот број на вртежи на алатот што се
вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
пневматскиот алат. Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од алатот.
 Заштитната хауба мора безбедно да се зацврсти на
пневматскиот алат и така да се прилагоди за
највисоко ниво на безбедност, што и најмалиот дел
на брусното отворено ќе биде видлив за корисникот.
Заштитната Хауба редовно да се контролира.
Заштитната хауба помага, корисникот да се заштити од
скршени парчиња, случајниот контакт со брусното тело
како и искрите, што може да ја запалат облеката.
 Редовно мерете го бројот на вртежи во празен од на
вретеното за брусење. Доколку измерената
вредност е над наведениот број на вртежи во празен
од n
(види „Технички податоци"), пневматскиот
0
алат треба да биде проверен од страна на Bosch-
сервисната служба. При превисок број на вртежи во
празен од, алатот за вметнување може да се скрши, а
при пренизок број на вртежи се намалува работниот
учинок.
 Секогаш користете неоштетена стезна прирабница
со соодветна големина и облик на брусните плочи.
Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така
ја намалува опасноста од кршење на брусната плоча.
Прирабниците за брусни плочи за сечење се
разликуваат од прирабниците за другите брусни плочи.
 При работа со одредени материјали може да се
создадат прав и пареа, кои може да создадат
експлозивна атмосфера. При работата со пневматски
алати може да се создадат искри, што може да ја запали
правта или пареата.
 Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на
ротирачкиот алат што се вметнува. Може да се
повредите.
Македонски | 201
3 609 929 C70 | (28.8.13)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0 607 352 114

Tabla de contenido