SKIL MASTERS 5066 Manual Original página 145

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 47
• Никогаш не користете дискови за оштрење/сечење
со овој електричен алат
ПРЕД УПОТРЕБА
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот (алатите за напон од
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
• Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со
експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација
може да доведе до оштета на предмети или
електричен удар)
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
• Никогаш не користете електричен алат без
оригинален систем за заштита
• Почетните циклуси генерираат кратко опаѓање на
напонот; може да дојде до попречување од друга
опрема/машини кога има неповолни услови во
системот за напојување (не се очекува неправилна
работа ако импенданцата на системот е под 0.295
ohm) - контактирајте со локалната компанија за
снабдување со електрична енергија ако ви треба
појаснување
• Не се обидувајте да сечете многу мали материјали
• Не работете со овој алат држејќи го над главата
• Во случај на атипично однесување или непознати
звуци, веднаш исклучете го алатот и извлечете го
штекерот од електричниот приклучок
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
• По исклучувањето на циркуларната пила, никогаш
немојте да го сопирате вртењето на пилата со сила
УПОТРЕБА
• Поставете го адаптерот за правосмукалката R
пред да го користите алатот 3
• Поставување на сечилото за пилата 4
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- извадете го клучот за сечилото A од складот B
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното C и држете го притиснато додека го
отстранувате резот на сечилото D со помош на
клуч
! копчето за заклучување на вретеното C
притиснете го кога електричниот алат целосно
ќе застане
- пуштете го кочето за заклучување на вретеното C
- отстранете го штитникот E
- отворете го долниот заштитник F со рачката G и
држете го додека го поставувате сечилото за
пилата со запчите и стрелката коишто се
отпечатени на сечилото насочени во ист правец
како и стрелката на долниот заштитник
- олабавете го долниот заштитен механизам F
- поставете штитник E
! проверете дали површините со спрегите H на
штитникот се целосно чисти и свртете го
сечилото
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното C и држете го притиснато додека го
прицврстувате резот на сечилото со помош на
клуч за 1/8 вртења по што треба да затегнете со
прстите (така се осигурува лизгањето на сечилото
на пилата кога ќе дојде до прекумерен отпор и
оптеретување на моторот и повратен удар на
пилата)
- пуштете го кочето за заклучување на вретеното C
• Подесување на длабочината на сечењето (0-66 мм)
5
- заради оптимален квалитет на сечењето,
сечилото на пилата не би требало да биде подолго
од 3 мм под делот за работа
- пуштете ја рачката J
- подигнете/спуштете го нивото K додека не ја
подесите саканата длабочина за сечење, на
скалата, со користење на индикаторот L
- прицврсте ја рачката J
• Подесување на аголот на сечење (0-45°) 6
- пуштете го копчето M
- налегнувајте го алатот додека не го подесите
саканиот агол на сечење, со користење на
индикаторот N
- прицврстете го копчето M
! при косо сечење, длабочината на сечењето не
одговара на вредностите на прикажаната
скала за длабочина на сечењето
• Проверка на аголот за сечење од 90° 6
- подесете и прицврстете го нивото K на
максимална длабочина за сечење 5
- подесете и прицврстете го аголот на сечење на 0°
- проверете го аголот од 90° помеѓу двете сечила и
дното на нивото, со помош на квадрат
- доколку е неопходно подесување, спуштете го и
прицврстете го нивото на 45° и свиткајте го
јазичето P со помош на клучот за подесување
• Индикатор за подесување на линијата на сечењето
Q 7
- за водење на електричниот алат низ саканата
линија означена на местото на работата
- за рамно сечење под агол од 0° или косо сечење
под агол од 45° користете ја линијата на
индикаторот
- ви овозможува да изберете дали отпадниот
материјал да паѓа на внатрешната или на
надворешната страна на сечилото
145

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido