ОДРЖУВАЊЕ
Напомени за чистење
• Кога вадите полица или фиока од апаратот,
извадете ја целата храна што е складирана
на полицата или фиоката, за да спречите
повреда или оштетување на апаратот.
− Во спротивно, може да дојде до повреда
поради тежината на складираната храна.
• Ако ги чистите надворешните отвори за
вентилација на апаратот со правосмукалка,
тогаш треба да го исклучите од струја за
да избегнете статичко празнење коешто
може да ја оштети електрониката или да
предизвика струен удар.
• Извадете ги полиците и фиоките и
исчистете ги со топла вода, а потоа
избришете ги и вратете ги назад.
• Редовно бришете ја заптивката на вратата
со влажна мека крпа.
• Истечената храна и дамки на корпите од
вратата треба да се чистат затоа што го
намалуваат капацитетот на чување на
корпата, па дури може и да ја оштетат.
• По чистењето, проверете дали кабелот за
струја е оштетен, топол или неправилно
вклучен.
• Одржувајте ги чисти отворите за
вентилација на надворешноста на
апаратот.
− Затнати отвори за вентилација може да
предизвикаат пожар или да го оштетат
апаратот.
• Надворешните обоени метални површини
може да се поминат со восок за да ги
заштитите од 'рѓа. Не поминувајте ги со
восок пластичните делови. Поминувајте ги
со восок обоените метални површини
најмалку двапати годишно користејќи восок
за апарати (или восочна паста за
автомобили). Нанесете восок со чиста и
мека крпа.
• Кога ќе ја чистите внатрешноста или
надворешноста на апаратот, не бришете ја
со груба четка, паста за заби, или некои
запалливи материјали. Не користете
средства за чистење кои содржат
запалливи материи.
− Тоа може да предизвика промена на
бојата или оштетување на апаратот.
− Запалливи материи: алкохол (етанол,
метанол, изопропил алкохол, изобутил
алкохол итн.), разредувач, средство за
белење, бензен, запаллива течност,
абразиви итн.
• За надворешноста на апаратот, користете
чист сунѓер или мека крпа и благ детергент
во топла вода. Не користете абразивни
средства или силни средства за чистење.
Темелно избришете го со мека крпа.
• Никогаш не мијте ги полиците или
садовите во машина за миење садови.
− Деловите може да се деформираат
поради топлина.
• Ако апаратот е опремен со LED светло, не
вадате го капакот на светлото ниту LED
светлото, во обид да го поправате или
сервисирате. Ве молиме стапете во контакт
со Центарот за информации за клиенти на
LG Electronics.
Чистење на корпата на
вратата
Вадење на корпата на
фрижидерот
Држете ги рабовите на корпата и подигнете
ја нанапред за да ја извадите.
Повторно местење на корпата
на фрижидерот
1
Држете ја корпата од двете страни,
нежно притиснете од едната страна да
влезе на своето место, а потоа и од
другата.
MK
27