РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Симптоми
Апаратот не лади
или не замрзнува.
Ладењето или
замрзнувањето е
слабо.
Апаратот има лош
мирис.
Светлото во
внатрешноста на
апаратот не се пали.
Вратата на
производот не се
затвора цврсто.
30
Дали има прекин во снабдувањето со струја?
• Проверете го напојувањето кај другите апарати.
Дали е исклучен приклучокот за струја од штекерот?
• Правилно вклучете го приклучокот за струја во штекерот.
Дали температурата на фрижидерот или замрзнувачот е
подесена на нејзиното најтопло подесување?
• Подесете ја температурата на фрижидерот или замрзнувачот на
„Средно".
Дали апаратот е изложен на директна сончева светлина или е во
близина на предмет што загрева, како на пример, рерна или
греалка?
• Проверете ја околината каде што е монтиран производот и
монтирајте го понастрана од предмети што загреваат.
Дали сте ставиле топла храна без прво да ја изладите?
• Треба прво да ја изладите топлата храна пред да ја ставите во
фрижидерот или замрзнувачот.
Дали сте ставиле премногу храна?
• Одржувајте соодветно растојание меѓу храната.
Дали вратите на апаратот се целосно затворени?
• Целосно затворете ја вратата и проверете дали храната не ја
блокира вратата.
Дали има доволно простор околу апаратот?
• Приспособете ја положбата на монтажа за да направите доволно
простор околу апаратот.
Дали температурата на фрижидерот или замрзнувачот е
подесена на „Топло"?
• Подесете ја температурата на фрижидерот или замрзнувачот на
„Средно".
Дали сте ставиле храна со силен мирис?
• Храната со силен мирис чувајте ја во затворен сад.
Зеленчукот или овошјето може се расипале во фиоката?
• Фрлете го скапаниот зеленчук и исчистете ја фиоката за зеленчук.
Не чувајте зеленчук премногу долго во фиоката за зеленчук.
Дали светлото во внатрешноста на апаратот се гаси?
• Тешко е за клиентите да ги заменуваат светлата во внатрешноста
на апаратот, затоа што тие не се поправаат. Ако не се пали
светлото во внатрешноста, стапете во контакт со Центарот за
информации за клиенти на LG Electronics.
Дали апаратот е навален напред?
• Регулирајте ги предните ногалки за да ја подигнете малку предната
страна.
Дали полиците биле правилно поставени?
• Ако е потребно, одново поставете ги полиците.
Дали вратата сте ја затвориле употребувајќи прекумерна сила?
• Ако примените прекумерна сила или брзина при затворање на
вратата, вратата може да остане кратко отворена пред да се
затвори. Погрижете се да не ја туркате вратата многу силно.
Затворете ја без примена на сила.
Причини и решенија
MK