Општо; За Овие Упатства; Авторско Право; Подложно На Промени - Wilo Vardo WEEDLESS-F Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 904
mk
1
Општо
1.1
За овие упатства
1.2
Авторско право
1.3
Подложно на промени
1.4
Гаранција
2
Безбедност
568
Општо
Упатството за вградување и работа е нераздвоив составен дел на производот.
Прочитајте ги и секогаш нека ви бидат достапни овие упатства пред каква било
активност. Предуслов за правилна употреба на производот и негово ракување е
точно придржување до овие упатства. Внимавајте на сите податоци и ознаки на
производот.
Оригиналните упатства за работа се на германски јазик. Сите други верзии на
упатствата на други јазици претставуваат превод на оригиналните упатства.
Производителот го задржува авторското право на овие упатства за вградување и
работа. Содржината не смее да се репродуцира, дистрибуира или употребува за
конкурентни намени без одобрение и известување.
Производителот го задржува секое право за техничка промена на производот
или на поедини негови делови. Употребените слики може да отстапуваат од
оригиналот и служат само за пример за производот.
Во поглед на гаранцијата и гарантниот период, важат информациите од
актуелните „Општи гарантни услови". Отстапувањата мора да се утврдат
договорно и мора да имаат приоритет.
Право на гаранција
Ако се постигнати следните точки, производителот презема одговорност за
поправање на сите недостатоци во квалитетот или дизајнот:
▪ Недостатоците во рамките на гарантниот период се пријавуваат во писмена
форма кај производителот.
▪ Производот се применува само според наменетата употреба.
▪ Сите уреди за надгледување се приклучени и проверени пред да бидат пуштени
во работа.
Одрекување од одговорноста
Одрекувањето од одговорноста ги исклучува сите одговорности за лични, имотни
или финансиски штети. Ова исклучување следува штом бидат постигнати
следните точки:
▪ Недоволно димензионирање поради неадекватни или неточни податоци од
раководителот или клиентот
▪ Непридржување до упатството за вградување и работа
▪ Непрописна употреба
▪ Непрописно складирање или транспорт
▪ Погрешна монтажа или демонтажа
▪ Недоволно одржување
▪ Недозволени поправки
▪ Несоодветна основа
▪ Хемиски, електрични или електрохемиски влијанија
▪ Трошење
Ова поглавје содржи основни напомени за поединечните фази од работниот век
на производот. Доколку не внимавате на овие напомени, ќе ги предизвикате
следниве опасности:
▪ Опасност по луѓето поради електрични, механички и бактериолошки влијанија,
како и електромагнетни полиња
▪ Опасност по околината поради истекување на опасни материи
▪ Материјални штети
▪ Хаварија на важните функции на производот
Доколку не се внимава на напомените, може да дојде до поништување на правото
за отшета.
Освен тоа, внимавајте и на дополнителните инструкции и безбедносни
напомени во другите поглавја!
WILO GVA GmbH 2019-02

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido