mk
8.5
Чистење и дезинфицирање
9
Сервисирање
9.1
Лична квалификација
592
Сервисирање
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога погонот за мешање се употребува за медиуми опасни по здравјето,
постои ризик по животот! Деконтаминирајте го погонот за мешање пред да
продолжите да го користите! Носете ја следната заштитна опрема кога
чистите:
• Затворени заштитни очила
• Маска за дишење
• Заштитни ракавици
⇒ Дадената опрема е минимален услов, затоа внимавајте на податоците
за работните правила! Раководителот мора да се осигури дека
персоналот се придржува и ги разбира работните правила!
‡
Погонот за мешање е демонтиран.
‡
Спакувајте ја погонската единица така што ќе биде заштитена од вода.
‡
Загадената вода за чистење треба да се испушти во канал за отпадна вода
согласно локалните прописи.
‡
На располагање имате средства за дезинфекција доколку погонот за мешање
е контаминиран.
1. Прицврстете ја опремата за подигнување на точката на подигнување на
погонската единица.
2. Подигнете го погонот за мешање на околу 30 cm (10 in) над подот.
3. Испрскајте го погонот за мешање со чиста вода од горе кон надолу.
НАПОМЕНА! Употребете соодветно средство за дезинфекција доколку
погонот за мешање е контаминиран! Строго следете ги податоците за
правилата за работа!
4. Испрскајте ги перките на пропелерот и покривната хауба од сите страни.
5. Испуштете ги нечистотиите во каналот.
6. Оставете да се изладат погонот за мешање и другите составни елементи.
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да доведе до смрт поради
струен удар! На електриката треба да работи стручен електричар следејќи ги
локалните прописи.
НАПОМЕНА
Внимавајте на дополнителната литература!
Со цел прописна употреба, прво прочитајте го и придржувајте се до упатствата
на производителот.
▪ Треба да се врши одржување само како што е опишано во ова „Упатство за
вградување и работа".
▪ Извадете го погонот за мешање од употреба пред одржувањето, погледнете го
делот Отстранување од употреба [} 589].
▪ Работа со електриката: На електриката мора да работи само стручен електричар.
▪ Одржување: Стручното лице мора да е запознаено со работните материјали и
како да ги фрли во отпад. Освен тоа, стручното лице мора да има основни
познавања од дизајнот на машината.
WILO GVA GmbH 2019-02