Wilo Vardo WEEDLESS-F Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 604

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 904
mk
13.2.1
Означување на погони за
мешање дозволени за
експлозивни подрачја
13.2.2
Прописна употреба
13.2.3
Инсталација
13.2.4
Пуштање во работа
13.2.5
Сервисирање
13.2.6
Погонска единица
604
Прилог
поглавје. Поглавјето важи само за погони за мешање дозволени за експлозивни
подрачја!
За примена во експлозивни атмосфери, погонот за мешање и погонската единица
мора да имаат соодветна натписна плочка за тоа:
▪ Погон за мешање
– Симбол за експлозии согласно соодветното одобрение
– Класификација за експлозија
▪ Погонска единица
– Симбол за експлозии согласно соодветното одобрение
– Класификација за експлозија
– Број на сертификат (зависно од одобрението)
Бројот на сертификат можете да го најдете на натписната плочка.
ATEX-одобрение
Погонот за мешање е наменет за работа во подрачје во кое постои опасност од
експлозија:
▪ Група на уреди: II
▪ Категорија: 2, зона 1 и зона 2
Погонот за мешање не смее да се применува во зоната 0!
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради неправилна инсталација!
Плочата на моторот и носечката конструкција мора да се поврзат беспрекорно
за да не пропушта гасови. Ако пропушта гасови, постои опасност од
експлозија! Работите треба да ги изведува само службата за односи со
корисниците или стручно лице!
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради употреба на погони за мешање без
одобрение за експлозивни подрачја!
Опасност по животот поради експлозија! Употребувајте само погони за
мешање со ознака за дозвола во подрачје во кое постои опасност од
експлозија на натписната плочка.
▪ Дефинирање на подрачјето во кое постои опасност од експлозија е обврска на
раководителот.
▪ Само погони за мешање со дозвола за експлозивни подрачја може да се користат
во подрачје во кое постои опасност од експлозија.
▪ Погоните за мешање со дозвола за експлозивни подрачја мора да бидат означени
на натписната плочка.
▪ Одржувањето треба да се направи прописно.
▪ Треба да се врши одржување само како што е опишано во ова „Упатство за
вградување и работа".
▪ Одредени работи на плочата на моторот (инсталација, демонтирање и замена)
треба да ги извршува само службата за односи со корисниците!
▪ Погонската единица е наменета за примена во експлозивни подрачја!
▪ Погонската единица е означена за експлозивно подрачје!
▪ Придржувајте се до податоците од производителот за примена на погонската
единица во експлозивни атмосфери!
WILO GVA GmbH 2019-02

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido