MK
За упатството
„ Прочитајте го целото упатство пред да ја
пуштите косилката во работа. Тоа е предуслов
за сигурно работење и за ракување без пречки.
„ Придржувајте се кон советите за безбедност
и за предупредување, наведени во
документацијата, како и на апаратот.
„ Оваа документација се траен составен дел
на опишаниот производ и при евентуално
отуѓување треба да му се предаде на новиот
сопственик.
Објаснување на знаците
Внимание!
Следењето на овие совети за
предупредување може да спречи телесна
повреда или материјална штета.
Специјални совети за подобро разбирање
и ракување.
Симболот на фотоапарат укажува на слики.
Содржина
За упатството ........................................................... 206
Монтажа.................................................................... 209
Ракување .................................................................. 209
Чување на акумулаторот и на апаратот
за полнење ................................................................211
Поправка....................................................................211
Отстранување ...........................................................211
Транспорт ................................................................. 212
Гаранција .................................................................. 213
206
Опис на производот
Во оваа документација се опишани косилки со
акумулатор, со кош за зафаќање на тревата .
Прописна примена
Овој апарат е предвиден само за косење на приватни
тревни површини.
Секаква друга примена се смета за непрописна.
Можна погрешна примена
„ Оваа косилка за трева не треба да се применува
во јавни зеленила, паркови, спортски објекти,
како и во земјоделството и во шумарството.
„ Постојните безбедносни уреди не смеат да се
демонтираат или да се премостуваат, на пр.со
заврзување на безбедносниот држач на рачката
од косилката
„ Не користете го апаратот при дожд и/или на
мокар тревник
„ Апаратот не смее да се користи во комерцијални
цели
Безбедносни и заштитни уреди
Внимание - Опасност од повреда!
Безбедносните и заштитните уреди не смеат
да се исклучуваат!
Безбедносен држач
Апаратот е опремен со безбедносен држач. Во
момент на опасност само отпуштете ги држачот или
рачката. Моторот и ножевите се запираат.
Ударна клапна
Ударната клапна штити од делови што излетуваат.
Безбедносен клуч
За да избегнете случајно вклучување на апаратот
кога не е под надзор, тој е опремен со безбедносен
клуч. Исклучете го апаратот пред да почнете со
одржување и секогаш извлекувајте го безбедносниот
клуч.
Превод на оригиналното упатство за работа
Косилка за трева со акумулатор