4
Подготовка
•
Вашиот ладилник/замрзнувач
треба да се инсталира најмалку
30 см од извори на топлина како
што се плотни, рерни, централен
грејач и шпорети, како и на
најмалку 5 см од електрични
рерни и не треба да биде лоциран
под директна сончева светлина.
•
Ве молиме, проверете дали
внатрешноста на ладилникот/
замрзнувачот е темелно
исчистена.
•
Ако треба да се инсталираат два
ладилника еден до друг, треба да
има растојание од најмалку 2 см
меѓу нив.
•
Кога првпат го вклучувате
ладилникот/замрзнувачот, Ве
молиме, почитувајте ги следниве
упатства во првите шест часа.
•
Неговата врата не треба да се
отвора често.
•
Мора да работи празен без да се
става храна во него.
•
Не исклучувајте го кабелот
на ладилникот/замрзнувачот.
Ако снема струја, не по Ваша
вина, Ве молиме, прочитајте
ги предупредувањата во делот
„Препорачани решенија за
проблемите".
•
Корпите/фиоките дадени
со одделот за ладење мора
секогаш да се користат за ниска
потрошувачка на енергија и за
подобри услови на складирање.
•
Контактот на храна со сензорот
за температура во одделот за
замрзнување може да ја зголеми
потрошувачката на енергија
на уредот. Затоа, мора да се
избегнува секаков контакт со
сензорот/сензорите.
•
Овој производ е дизајниран да
функционира на амибиентални
температури до 43 °C (90 SDgrF).
Иако амбиенталната температура
падне до -15 °C, замрзнатата
храна во замрзнувачот нема да
се одмрзне благодарение на
напредниот електронски систем
за контрола на температурата.
При првата инсталација,
производот НЕ треба да се
става на ниски амбиентални
температури. Ова е затоа
што замрзнувачот не може
да ја постигне стандардната
температура на работење.
Кога ќе постигне континуирано
работење, производот може да
се помести на друго место. Така,
подоцна може да го ставите
својот производ во гаражата или
во незагревана соба, без да се
грижите дали ќе се расипе во
него замрзнатата храна. Сепак,
веројатно е дека споменатите
ниски температури може да
предизвикаат замрзнување на
храната во одделот за ладење;
затоа, Ве молиме, конзумирајте
ја храната во фрижидерот на
правилен и контролиран начин.
Кога амбиенталната температура
ќе се врати на нормала, може да
ја смените поставката на копчето
според своите потреби.
•
Ако амбиенталната температура
е под 0°C, храната во одделот
за ладење ќе замрзне. Затоа,
препорачуваме да не го користите
одделот за ладење на толку ниски
амбиентални температури. Може
да продолжите да го користите
одделот за замрзнување како и
обично.
•
Во некои модели, панелот со
инструменти автоматски се
исклучува 5 минути по затворање
на вратата. Ќе се реактивира кога
вратата ќе се отвори или ќе се
притисне кое било копче.
•
Поради промената на
температурата од отворање/
затворање на вратата на
производот додека работи,
кондензирањето на рафтовите на
вратата/на телото и стаклените
садови е нормално.
16
MK