ВНИМАНИЕ!: ПРЕД УПОТРЕБА НА МАШИНАТА, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО
MK
СЛЕДНОВО УПАТСТВО. Да се сочува за понатамошна употреба.
СОДРЖИНА
1. ОПШТО ........................................................................ 1
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ............................................ 1
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА ................................... 3
4. МОНТАЖА ................................................................... 4
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА ........................................ 4
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА ....................................... 4
7. ОДРЖУВАЊЕ ............................................................. 6
8. СКЛАДИРАЊЕ ............................................................ 6
9. УПРАВУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ .................................. 7
10. РАСПОРЕД НА ОДРЖУВАЊЕ .................................. 7
11. НЕСООДВЕТНА РАБОТА ........................................... 7
12. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА НА БАРАЊЕ ................ 8
1.
ОПШТО
1.1
КАКО ДА СЕ ЧИТА УПАТСТВОТО
Одредени пасуси во упатството кои содржат особено важни
информации во однос на безбедноста и функционалноста и
се нагласени на поинаков начин, според овој критериум:
ЗАБЕЛЕШКА ИЛИ ВАЖНО
дополнителни информации за она што е претходно
наведено, со цел да се спречи оштетување на машината.
Овој
симбол посочува на опасност. Непочитувањето
на ова предупредување создава можност за лични
повреди или на трети лица и/или штети.
Пасусите означени со квадратче и сиви точки посочуваат
на опционални карактеристики коишто не се присутни кај
сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали се
достапни карактеристики за овој модел.
Сите индикации „напред", „назад", „десно" и „лево" се
дадени во однос на позицијата за работа на операторот.
1.2
НАСОКИ
1.2.1
Слика
Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со
1, 2, 3 и така натаму.
Компонентите посочени на сликите се означени со
буквите А, B, C и така натаму.
Насоката за компонентата C на сликата 2 се означува со
изразот: „Видете на сл. 2.C", или поедноставно „(слика 2.C)".
Сликите се само за пример. Вистинските делови може
да се разликуваат во однос на оние на сликата.
1.2.2
Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на
пасус „2.1 Обука" е поднаслов на „2. Безбедносни мерки".
Насоките за насловите или пасусите се означени со
кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример:
„погл. 2" или „пас. 2.1"
2.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1
ОБУКА
Запознајте се со командите и правилното користење
на машината. Научете брзо да го запирате моторот.
Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството
може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди.
даваат детални или
• Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат
машината, или други лица што не ги знаат основните
упатствата. Локалните закони може да предвидат
минимална возраст за управување со машината.
• Овој апарат може да го користат деца постари од 8
години, но и лица со намалени физички, сензорни
и ментални способност или лица коишто немаат
доволни познавања само доколку се под надзор
или се подучувани за употребата на апаратот на
безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
Децата не смее да си играат со апаратот. Децата
не смее да го спроведуваат редовното чистење и
одржување доколку не се под надзор.
• Никогаш не користете ја машината доколку
корисникот е во состојба на замор или
изнемоштеност, или користел лекови, дрога,
алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз
капацитетот за навремено реагирање или внимание,.
• Не пренесувајте деца или други патници.
• Запомнете дека корисникот е одговорен за незгодите
или опасноста кои може да бидат предизвикани на други
лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на
операторот спаѓа и проценката на можните ризици на
теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги
сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате
својата, но и безбедноста на другите особено на закосени,
нерамни, лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има
други лица, проверете дали корисникот ги почитува
упатствата што се содржани во ова упатство.
2.2
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон
против лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте
на машината со боси нозе или со отворени сандали.
Носете заштитни слушалки за слухот.
• Употребата на акустична заштита ја намалува можноста да
ги слушнете можните предупредувања (повикување или
аларми). Обрнувајте исклучително внимание на она што се
случува околу областа за работа.
• Носете ракавици за работа во сите ситуации каде
има ризик за рацете.
• Не носете марами, наметки, ремени, алки, облека со лелеави
делови или со врвки и вратоврски и слични додатоци што
висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или
за предметите и материјалите во работната околина.
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
Област за работа/машина
• Проверете ја темелно целата работна околина и
отстранете сè што би можело да биде исфрлено од
машината или да ги оштети сечилата/ротирачки
делови (камења, гранки, железни жици, коски, итн.).
2.3
ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
• Не користете ја машината во средина каде постои
ризик од експлозија, во присуство на запаливи
материи, гасови или нечистотија. Електричните
делови предизвикуваат искри што може да ги
запалат нечистотиите или испарувањата.
MK - 1