• Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветление и при услови на добра видливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за
работа. Не може да се чуваат деца додека се користи на
машината, тие треба да бидат чувани од друго лице.
• Избегнувајте да работите на мокра трева, кога врне и
кога ризик од временска непогода, особено грмотевици.
• Не изложувајте ја машината на дожд или влажни услови.
Водата што може да навлезе во електричниот дел го
зголемува ризикот од електричен удар.
• Обрнете особено внимание на нерамнините на
теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени
опасности и на присуството на дадени опасности
коишто може да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки
или препреки. Машината може да се преврти ако едното
тркало поминува преку раб или ако работ е закосен.
• Работете секогаш надолжно во однос на косината, во
правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајќи
при тоа на менувањето на правецот одржувајќи
правилна потпора и да избегнувате тркалата да
удираат на пречки (камења, гранки, корења и сл.)
со што може да се предизвика странично лизгање,
превртување или загуба на контролата врз машината.
• Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи
во близина на пат.
Однесување
• Обрнете внимание кога одите во рикверц или наназад.
Погледнете зад неа пред и при движење наназад за
да обезбедите дека нема никакви пречки.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
• Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку од
уредот со сечивото, особено при палење на моторот
и додека работите со машината.
• Внимание: сечилото продолжува да се врти уште неколку секунди
откако ќе се исклучи или откако ќе го изгаснете моторот.
• Држете растојание од отворот за исфрлање.
Доколку нешто се скрши или дојде до несреќа во текот на
косењето, веднаш исклучете го моторот и оддалечете ја машината
за да спречите понатамошна штета; Во случај на инцидент со
лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш
кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената
состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита
за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од
косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица
или животни ако останат незабележано во машината.
Ограничување при употреба
• Никогаш не ракувајте со машината кога обезбедувачите
се оштетени, нецелосни или неправилно монтирани
(корпа за трева, обезбедувачи за странично исфрлање,
обезбедувачи за задно исфрлање).
• Не користете ја машината ако дополнителната/
помошната опрема не е поставена на дадените точки.
• Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете ги
манометарот и поставените безбедносни системи/
микропрекинувачи.
• Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не
користете мала машина за изведување тешки работи;
адекватно користење на машината го намалува
ризикот и го подобрува квалитетот на работата.
2.4
ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да
ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.
Одржување
• Никогаш не користете ја машината со користени или
оштетени делови. Оштетените или дефектните делови
треба да се заменат, никогаш да не се поправаат.
• Во текот на операциите за регулирање на машината,
обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви
се наоѓаат заглавени во уредот со сечивото во
движење и фиксните делови на машината.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство
се максимални вредности за употреба на машината.
Употребата на сечило коешто не е стабилно, движењето
со преголема брзина, неодржувањето на машината
значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации.
Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да
елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава
или значителни вибрации; Редовно одржувајте ја машината,
носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.
Одлагање
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте
полни контејнери во затворен простор.
2.5
БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈАТА
ВАЖНО Следните безбедносни мерки ги опфаќаат
безбедносните одредби коишто се претставени во
даденото упатство за батеријата и за полначот на
батеријата кое што се доставува со машината.
• Користете само полначи за полнење на батериите што
ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за
батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање
или протекување на корозивната течност од батеријата.
• Користете само батерии со спецификации што се
предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии
може да предизвика повреди и ризик од пламен.
• Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја
ставите батеријата. Ставање батерија во вклучен
електричен апарат може да предизвика пожар.
• Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од
канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и
други мали метални предмети што може да предизвикаат
краток спој на контактите. Краток спој на контактите на
батеријата може да доведе до експлозија и пламен.
• Не го користете полначот за акумулатор на места
каде што има запаливи пареи, супстанции или лесно
запаливи површини, како што се хартија, ткаенина
и слично. За време на полнењето, акумулаторот се
загрева и може да предизвика пожар.
• За време на транспорт на акумулаторите, обрнете
внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и
не користете метални кутии за транспорт.
2.6
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина мора да биде
приоритет при употреба на машината во корист на
заедницата и околината во која живееме.
• Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат
непосредното опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу рано наутро и
доцна навечер кога може да ги вознемирите луѓето).
• Почитувајте ги локалните прописи за отстранување на
пакувањето, оштетените делови или други делови што имаат
силно влијание врз животната средина; овие отпадоци не
се фрлаат во ѓубре, туку треба да бидат разделени и да се
достават до соодветни центри за собирање на истите, кои ќе
се погрижат за рециклирање на материјалите.
• Придржувајте се до локалните одредби за
отстранување на отпадни материјали.
MK - 2